Земјоделството, развојот на селата и нивните жители низ призмата на човековите права, дискриминација, толеранција, насилство, еднакви можности и родова еднаквост, е тема на денешната прва средба за родова еднаквост организирана во Ресен од страна на Националната федерација на фармери, подржана од Шведската организација за развој We Effect. На средбата се разви дискусија помеѓу членките и членовите за родовите улоги, човековите права, толернација и маргинализираните групи и кршење на социјалните, економските права на жителите во руралните средини. НФФ ги информира за CEDAW препораките за руралната жена , за лобирањето на организацијата во делот на отстранување на дискриминаторните услови во мерката 115 од Програматаза рурален развој која се однесува на активен женски член во земјоделско стопанство, така што присутните се информираа дека деновиве треба да излези оваа мерки која има нови критериуми и е наменета за земјоделките со примарна земјоделска дејност кои можат преку мерката да набават опрема за преработки од примарни земјоделски производи. На средбата произлезе инцијата и апел да започне да функционира Општинската комисија за еднакви можности во Ресен која е посебно значајна за маргинализираните групи во руралните средини.
Презентери на обуката беа Фросина Ѓеоргиевска, Национална кординаторка на Мрежата на жени фармери во НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во НФФ кои претходно стекнаа знаење на обука за родова едкавост организирана од Шведската организација за развој We Effect.