НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Неготино

НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Неготино

Сите предлози на Националната федерација на фармери прифатени и усвоени како заклучоци на седница на Собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените.
Обука за справување со маститисот во прилепско Мажучиште
Донесен новиот правилник зa продажба од куќен праг

Проблемите со пласманот на грозјето, неизградени патишта, недостапност на социјални услуги, непостоење на берза на цени, стереотипи,предрасуди , жените повеќе се вклучени во производството отколку во одлучувањето за креирање на цени. Оваа беа дел од дискусиите на денешната едукативна трибина за родова еднаквост организирана од страна на Националната федерација на фармери со подршка на Шведската развојна организација We Effect. На средбата присутните се информираа за мерката 115 од Програмата за рурален развој наменета за активен женски член во земјоделско стопанство, која треба да излезе наскоро и е наменета за земјоделки чија примарна дејност им е земјоделството.Васка Мојсовска, претседателка на НФФ на денешната трибина потенцира дека винарските визби се однесуваат со потсмев кон земјоделците и затоа треба заедничко дејствување на лозарите. Таа потенцира дека НФФ во изминатиот период бара да се трге членот 17 од Законт за вино преку кој откупувачите можат да ја намалуваат цената за откупеното грозје за 8%, доколку го платат во рок од една недела. Таа потенцира дека се бара откупот да се реши преку банкарски гаранции исто како што е кај тутунот.
На самата едукативна трибина Мојсовска имаше презентација за род и стереотипи. Зборуваа и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер, која се осврна на човековите права, како и Фросина Георгиевска, координатор на мрежата на жени фармери на НФФ чиј фокус беше дискриминацијата и насилството.

COMMENTS