Националната федерација на фармери во рамките на студиската посета во Словачка реализира средба со Комората за храна и земјоделство во Словачка и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој во Словачка. Работата на Комората ја презентира директорот на истоимената организација, Јан Баршвари, додека работата на Платежната агенција ја презентира директорот на оваа институција, Јурај Кожух. Платежната агенција на Словачка е посебен орган, кој е под надлежност на Министерството за земјоделство и преку неа се вршат плаќањата на Програмата за рурален развој 2007 -2020 која се финансира од Европската Унија. Студиската посета на Управниот одбор на НФФ е реализирана во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ подржан од Шведската организација за развој We Effect.