16.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Препораките на НФФ за климатските промени и земјоделството прифатени од Собраниската комисија за еднакви можности

Претседателката на НФФ, Васка Мојсовска се обрати на Собраниската комисија за еднакви можности, која заседаваше на тема „ Родовиот аспект на климатски промени“.

Дел од обраќањето на Мојсовска
Колебливоста на климата е веќе зголемена во Република Македонија. Во земјата доаѓа до појава на високи температури, поплави, мраз, град земјотреси, свлечишта.
Според анализата на Светска Банка, Македонија веќе стана земја со висока изложеност на најразлични природни непогоди, како што се: поплави, суши, екстремни температури, град и земјотреси.
Анализите покажуваат дека најранлив регион е централниот дел на земјата. Во оваа територија спаѓаат делови од општините Градско, Росоман и Неготино. Понатаму, како многу ранлив регион се смета и Југоисточниот Дел на Македонија, кој делумно ги опфаќа териториите на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Високо ранливо подрачје се смета и Јужната Долина на реката Вардар, која се протега од Овче Поле и Свети Николе до Гевгелија и Богданци. Како многу ранливо подрачје се одредува и Скопско-Кумановското Поле, кое се протега низ повеќето скопски општини и општините Липково, Куманово и Старо Нагоричане.
Најранливи земјоделски култури се: пченица, најраспространета житарка кај нас, грозјето, доматите кое се најзастапени култури на подрачјето на Јужната Долина на Вардар и во Југоисточниот Регион на Македонија, луцерката, како најважна сточна храна која се одгледува во Овчеполскиот и Битолскиот регион, јаболката, како најзначајно овошје за Преспанскиот регион и добитокот, со појавата на нови болести.
Руралните жени треба да се вклучуваат во креирањето на политиките и да се потикнува нивното размислување да биде презентирано во јавноста. Тука упатувам една критика кон медиумите, кога се прават дебати за земјоделството и руралниот развој треба да се вклучуваат и жените, не само мажите. Токму пред некој ден на една телевизија имаше дебата каде што министерот за земјоделство разговараше само со лидерите и земјоделците, а единствената лидерка не беше поканета на медиусмката дебата и други земјоделките исто така не беа повикани. Каде е тука родовата рамноправност .

ПРЕПОРАКИ НА НФФ ПРИФАТЕНИ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИМОЖНОСТИ НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ

1. Новите технологии и знаења, како и зголемувањето на свеста кај земјоделските производители во однос на адаптивните мерки кон климатските промени треба да се пренесат со активна вклученост на советодавни служби (АПРЗ), како дел од нивните редовни практики во давањето на советодавни услуги за успешно планрање и реализација на земјодлеското производство.

2. Во новата стратегија за земјоделство и рурален развој треба да се опфати прилагодувањето на земјоделството на новите климатски промени и да ги промовира земјоделските практики, кои што се компатибилни со новите климатски услови и придонесуваат кон зачувување на природните ресурси и руралниот развој.

3. Системите за наводнување да почнат со функционирање во пролетниот период за да можат да се преземаат превентивни мерки против мразот, навремено да започне наводнувањето и повторно да се даде ингеренција на водните заедници за одржување на хидросистемите

4. Заштините мрежи, anti – frost системите, инсталирање на вентилатори, заштитни фолии да бидат дел од Програмата за финансиска подршка за рурален развој и да се зголеми подршката за нив.

5. Да развие сеопфатна политика и стратегија за справување со негативните ефекти од климатските промени и вклучување на родовата перспектива, што е во согласност со Рамката 2030 на ЕУ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles