Сида и We effect, во посета на фармата на Вангелина Пармачка

Сида и We effect, во посета на фармата на Вангелина Пармачка

Објавен е огласот за Млад земјоделец од Програмата за рурален развој
Јавен повик бр. 02/2019 за прибирање понуди за набавка на ново патничко моторно возило за потребите на Националната федерација на фармери
 Неизвесен откупот на доматите

Улрика Холстром висок советник за родова еднаквост во Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) , Билјана Џартова-Петровска, програмски менаџер за развојна соработка од Амбасада на Кралството Шведска во Македонија и Анели Леина, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect во посета на фармата на Вангелина Парачка- членка во НФФ која заедно со своето семејство произведува органско овчјо сирење во Будинарци. Вангелина заедно со својот сопруг се сопственици на 500 грла овци и со заедничко разбирање и соработка ја одржуваат и развиваат фарма. „Ако немаш подршка од семејство, не можеш да одиш напред. Јас и мојот сопруг сме сопственици на земјоделското земјише и имот. Работиме заедно и ги делиме нашите обврски. Јас сум една од ретките жени во руралните средини, која има успешна и среќна приказна. Останатите жени немаат имот на свое име, нивниот глас не се слуша во семејството, а камоли надвор. Поради традиционалните навики и бариери седат во своите домови , немаат можност за едукација и размена на информации. За нас како стопанство и фармери е значајно членството во Националната федерација на фармери, затоа што добиваме информации, едукација преку студиски посети, размена на искуства, еве и голем дел од жените сме охрабрени и обединети заеднички да се бориме за нашите права и воедно што е многу важно Федерацијата ни помага да стапиме во комуникација со институциите и полесно да се разбереме со нив во насока на развој на нашите фарми “ истакна Пармачка на самата средба. Вангелина е членка на Управниот одбор на НФФ и лидер на потсекторската група за месо во Министерството за земјоделство, номинирана од страна на Федерацијата. Во рамките на посетата, Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој преку презентации ја прикажаа својата работа и мисија за развој на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.

COMMENTS