1. За организацијата

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјални и културни интереси и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој.

Националната федерација на фармери има потреба од набавка на ново патничко моторно возило.

  • Цел на набавката

Главната цел на набавката е ново патничко моторно возило според потребите на Националната федерација на фармери.

Критериуми за понуда

Понудата подготвена од продавачот на возилото треба да ги содржи следниве критериуми. Технички компоненти:

1. Број на врати – 5,

2. Моќност / Максимална сила kW (KS) – Минимум 70KS

3. Потрошувачка во просек (комбинирано) – помалку од 7 литри/100км

4. Вид на гориво – бензин

5. Зафатнина cm3 – минимум 1300

6. Менувач – мануелен

7. Клима уред

Финансиски компоненти:

  1. Цената мора да се наведе со вклучен ДДВ.

Друга компонента:

1. Наведете го гарантниот период за возилото.

  • План за работа и распоред

Краен рок за доставување на понудата е 15.11.2019 год.

Одлуката за проценка на примената понуда ќе биде испратена најдоцна до 25.11.2019 година.

Возилото треба да се достави најдоцна до 20.12.2019 год.

  • Временска рамка за плаќање

Договорот и плаќањата ќе се вршат во македонски денари (ден.).

Активности: Процент: Датум на плаќање:
Авансна уплата по потпишувањето договорот 60% 27.11.2019
Доплата на останатиот дел после доставување на возилото 40% 25.12.2019
  • Декларација за поврзаност

Опишете дали вашата компанија/вработени имаат какви било деловни или лични врски поврзани со Националната федерација на фармери.

  • Контакт

Ве молиме, испратете ја вашата понуда со сите придружни документи на следните (е-пошта) адреси за контакт: nff@nff.org.mk и dzejlan.veliu@nff.org.mk или на: Национална федерација на фармери, ул. Гиго Михајловски 4-1/1, Скопје.