Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи категории, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на консултант за изработка на „Изборни процедури на Национална федерација на фармери

Консултантот треба да има :

  • Високо образование од областа на правните и политички науки
  • Правна пракса во НВО-секторот во земјата
  • Добри комуникациски вештини,
  • Работа во тим
  • 5 годишно искуство во изработка на изборни процедури.

Асистентот пожелно е  да има искуство во:

  • Имплементација на проекти, техники за известување;
  • Управување со администрацијата (канцелариски менаџмент, логистика, организирање на настани, одржување на систем за евиденција на документи (архива) во физички и електронски датотеки;
  • Пожелно е искуство со јавни набавки и тендери (според македонското законодавство и други насоки од проекти);
  • Поддршка на активности (подготовка, одржување на дневник за работа, патни налози, извештаи за патувања, досиеја на вработените, платени одмори, осигурување, одржување на канцелариска опрема и канцелариска библиотека, листи на учесници);
  • Пожелно е искуство во анализа на законите, законите и политиките, како и подготвувањето на извештаи;
  • Комуникација со различни засегнати страни и активности за членство;

Обврските и одговорностите на консултантот се:

• Анализа на воспоставените механизми во процесот на донесување одлуки,

• Преглед на правните документи на НФФ (Статут и Правилник),

• Преглед на јадрото на дејствување на НФФ,

• Подготовка на предлог за изборни процедури,

• Вклучување на коментари и забелешки засновани на повратни информации за НФФ,

• Подготовка на конечен документ за изборните процедури за понатамошни дискусии и одобрување од органите на НФФ.

Времетраење: Консултантот ќе биде ангажиран за период од осумнаесет (18) работен ден

Календар на активности:

Месец Активности
Ноември 2019 Преглед на правните документи на НФФ (Статут и Правилник),Анализа на воспоставените механизми во процесот на донесување одлуки,Преглед на јадрото на дејствување на НФФ,Подготовка на предлог за изборни процедури.
Декември 2019 Вклучување на коментари и забелешки засновани на повратни информации од НФФ,Подготовка на конечен документ за изборните процедури за понатамошни дискусии и одобрување од органите на НФФ.  

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: dzejlan.veliu@nff.org.mk најдоцна до 28.10. 2019 година.