Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи категории, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на консултант за изработка на „Родова политика на Национална федерација на фармери“

Локалниот консултант мора да има познавање од:

• Состојбата на руралниот развој во земјата

• Специфики на родовите предизвици на рурално ниво

• Родова еднаквост и пристапи кон HRBA

• Политика за родова еднаквост (активности и мерки)

• Високо образование или Магистер на науки за родова еднаквост и родова интеграција, правни науки или политички науки

Консултантoт треба да има искуство:

• Добри вештини за презентација и усвојување на нивниот јазик до степен на знаење на целната група

• Добри комуникациски вештини

• Работа во тим

• Подготовка на родови политики и студии / анализи и планови за родова еднаквост

• 5 годишно искуство во родова политика

Обврските и одговорностите на консултантот се:

• Преглед и анализа на тековно развиената стратегија, правилник, кодекс на однесување и други организациони процедури,

• Целосно разбирање на улогата и мисијата / визијата на организацијата и нејзините пристапи кон членството,

• Дефиниција на родова структурна политика, како и столбовите и целите,

• Дефиниција на главните правила и мерки на политика во рамките на организацијата,

• Подготовка на нацрт родова политика,

• Презентација на документот за родова политика пред Управниот одбор и мрежата на жени фармери на НФФ,

• Вклучување на коментари и белешки од повратни информации од НФФ и

• Подготовка на финалниот документ.

Времетраење: Консултантот ќе биде ангажиран за период од триесет (30) работни дена во месеци ноември и декември

Календар на активности:

Месец Активности
Ноември 2019 Преглед и анализа на тековно развиената стратегија, кодекс на однесување и други организациски процедури,Целосно разбирање на улогата и мисијата / визијата на организацијата и нејзините пристапи кон членството.Дефиниција на родова структурна политика, како и столбовите и целите,Дефиниција на главните правила и мерки на политика во рамките на организацијата,Подготовка на нацрт родова политика.
Декември 2019 Презентација на документот за родова политика,Вклучување на коментари и белешки од повратни информации од НФФ иПодготовка на финалниот документ.

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: dzejlan.veliu@nff.org.mk  најдоцна до 28.10. 2019 година.