Меѓународен ден на руралната жена

Меѓународен ден на руралната жена

НФФ: Државата да изврши интервентен откуп на пченица
Говор на Васка Мојсовска на земјоделскиот форум „Организирано земјоделство до сигурен пласман“
Договори со сите Тутунари за Реколта 2014

15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој и Шведската организација за развој We Effect. Одбележувањето на настанот ќе се одржи во Демир Капија. 

Оваа година, Меѓународниот ден на руралната жена го одбележуваме со организација на јавна дискусија „Сопственоста на земјоделското земјиште и имот – предизвик за руралната жена. Целта на настанот е да се дискутираат предизвиците и можностите за подобрување на социјалната и економската положба на жената од руралната средина.

На одбележувањето на овој ден, кој има за цел да ја истакне улогата на жената за развојот на земјоделството и руралните средини ќе присуствуваат жени од руралните средини на Северна Македонија, гости од Балканската мрежа за рурален развој, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

Жените во руралните средини се невидливи, маргинализирани и оставени сами да се борат за опстанок. Околу 64% од жените во руралните средини не се активни на пазарот на трудот заради нивниот ангажман во домаќинството и грижата за децата, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејните фарми. Само 5% од жените ретко се појавуваат како носители на  имот и земјоделско земјиште. Најголем дел од нив овие практики и традиции не ги согледуваат како дискриминирачки.

Дискриминацијата е голем проблем и предизвик за жените од руралните средини. На барање на Националната федерација на фармери се отстранија дискриминаторните мерки во четиригодишната Програма за рурален развој 2018 -2021 за активна поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, каде што се бараше исполнување на следните услови: жената мора да е во брак, да има родено едно дете, да е невработена, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри. Барањето беше подржано од Мрежата за рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Шведската организација за развој We Effect, UN Women, Факултет за земјоделски науки и храна и други меѓународни и национални организации. 15ти октомври беше прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина од страна на Обеднитетите нации со Рез. 62/136 (http://undocs.org/A/RES/62/136). За првпат, 15ти октомври е прославен како Меѓународен ден на жената од руралната средина во 2008 година.

COMMENTS