11.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Студиски кружок на тема: производство на маџун

Производство на маџун е темата на студискиот кружок кој се реализира во неготинско со фокус групата од Тимјаник во рамките на проектот Институционален развој на НФФ подржан од We Effect .
Националната федерација на фармери од неодамна го користи овој модел со цел да овозможи на земјоделците преку заедничко учење да си помогнат во делот на употреба на нови технологии и производство на преработки кои им даваат додатна вредност на нивниот труд. Студискиот кружок е шведски модел за образование на возрасни. Членовите на НФФ кои се дел од овој студиски кружок од почетокот на јули 2019 темелно го разработувааат правењето на маџунот од теориски дел, преку практична едукација за негова подготовка па се до негова продажба.Во рамките на подготовката вклучена е и професорката Виолета Димовска од Земјоделскиот факултет во Штип.
Јулијана Велковиќ лидер на студискиот кружок од Тимјаник истакнува дека и покрај тоа што речиси секоја жена од Неготино знае да прави маџун, благодрјќи на студискиот кружок од Тимјаник таа научила многу нови работи за маџунт. „Сакам да ги охрабрам руралните жени да прават преработки кои ќе им дадат додадена вредност како што е маџунот, затоа што на тој начин се намалува проблемот со пласман на грозјето но и можноста жените од руралните средини да заработат со продавање на вакви производи“, истакнува Јулијана.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles