Средба на руралните жени од НФФ и Здружението рурални жени од Словенија

Средба на руралните жени од НФФ и Здружението рурални жени од Словенија

НФФ на Манифестацијата Поречки фармер 2019
Младите фармери на НФФ на студиско патување
НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Богданци

Поврзувањето на руралните жени во регионот . Размена на искуства, дружби и поддршки. Тоа е мотото на денешната средба на руралните жени од НФФ и Здружението рурални жени од Словенија. 70 рурални жени од Словенија во посета на Македонија и денеска беа примени од страна на фокус групата на жени од Преспа, која е дел од здружението Благој Котларовски, членка на НФФ. Средбата се одвиваше на фармата Spirit of Prespa на која присуствуваа Ирена Уле, претседателка на здружението на рурални жени од Словенија, Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Фросина Георгиевска, национален кординатор на Мрежата на жени фармери на НФФ. Првата средба помеѓу двете здруженија се реализира минатата година кога Националната федерација на фармери присуствуваше на конференција на Здружението на рурални жени во Словенија и оваа година се реализира нивна посета на фарма на рурални жени, каде што ги вкусија преспанските специјалитети и уживаа во убавите овоштарници. Фокус групата на рурални жени во Преспа која е поддржана од Федерацијата преку проектот Институционална поддршка на НФФ ја презентираа својата заедничка услуга за кетеринг со преспански традиционални јадења и собирање на лековити билки која им е додадена вредност и приход покрај одгледувањето на јаболка.

COMMENTS