Земјоделството и климатските промени

Земјоделството и климатските промени

Обука на млади фармери за органско производство
Барања на НФФ за решавање на проблемите со откупот на грозје
„Јуфкијада“ во Јанковец

Предизвиците во земјоделството соочено со климатските промени тема на шестата сесија на групата за земјоделство и рурален развој на Националната коневнција на ЕУ за нашата држава. Тема која е посебно значајна за земјоделството и руралниот развој. Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска изјави дек најголеми загуби од климатските промени има кај грозјето, пченицата, јаболката, пиперот, доматот, но и животните – овците, говедата. Се ова придонесува за намалување на производството на храна. Сушата, градот, раните и доцните пролетни мразови предизвикуваат огромни штети. Наша препорака е поддршката за набавка на мрежите за заштита од град и УВ зрачење да биде поголема и да се дава не само преку ИПАРД, туку и преку Програмата за рурален развој. Мора да се модернизираат и системите за наводнување зашто има случаи кога и по 15 – 20 дена некои региони остануваат без вода, што е погубно за земјоделството. Воедно предочи дека заштитни мрежи во земјава има, може да се најдат, но многу се скапи за земјоделците. Откупните цени таквиот трошок не можат да го покријат.
Инаку, сесиите на Работната група 1 на Националната конвенција за Европска унија во земјава почнаа во март минатата година. Тема на првата сесија беше како да се подобри искористеноста на ИПАРД2 Програмата, втората сесија беше за кредитирање на земјоделството и агро-бизнисот, третата ги опфати земјоделските задруги, четвртата се однесуваше на семејното земјоделство како модел за одржлив рурален развој, додека во фокусот на петтата сесија беа локалните чинители во функција на развојот на руралните средини. Копретседвачи на групата се Мала Лазареска од МЗШВ и Васко Хаџиевски од шведкста фондација We Effect , додека експертскиот тим го сочинуваат професорките од Факултетот за земјоделски науки и храна Александра Мартиновска и Ана Симоновска и проект менаџерката во НФФ Билјана Петровска – Митревска. Конвенцијата е организирана од Евроското движење.

COMMENTS