Донесен новиот правилник зa продажба од куќен праг

Донесен новиот правилник зa продажба од куќен праг

НФФ средба со Фармери од Малезија
Економско и социјално јакнење на руралните жени
 Неизвесен откупот на доматите

Во просториите на Стопанска комора на Македонија  беше промовиран новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите попознат како Правилник за продажба од куќен праг. Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

НФФ во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство уште на самиот почеток активно беше вклучена во процесот на подготовка на овој правилник. Правилникот е донесен во средината на месец јули, а ќе почне да се применува од почетокот на септември 2019 година.

Со Правилникот се регулира и олеснува ставањето во промет на мали количини производи кои ги произведуваат фармерите, без да се нарушува или доведува во прашање безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите. Деталното регулирање на ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло како што се месото, млекото и нивните преработки, конзумните јајца и рибата се основа и поддршка и развој на малите производители на храна од животинско потекло, за развој на некои недоволно развиени призводствени региони во земјава и за зачувување на традиционалниот начин на производство на одредени производи. Новина е тоа што со овој Правилник се овозможува  продажба на млекото преку млекомати, за што, производителите ќе треба да ги исполнат највисоките критериуми за безбедност и квалитет. За колење на животните директно на фарма производителите ќе можат да користат услуга од мобилни кланици кои ќе треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Правилникот дава можност примарните производители на мед сега да го пласираат производот на целата територија на државата. Производите согласно овој правилник треба да бидат означени, односно да ги содржат основните информации за потеклото, производителот, рокот и начинот на чување, со цел да се воспостави лесна следливост на производите.

COMMENTS