Барања на НФФ за решавање на проблемите со откупот на грозје

Барања на НФФ за решавање на проблемите со откупот на грозје

ОГЛАС ЗА РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ НА НФФ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН И ПОЛОШКИ РЕГИОН
Зголемување на кредитните активности во земјоделството
Работилница со земјоделци за легализација на објекти на земјоделско земјиште

Националната федерација на фармери  преку својот секторски систем за лобирање во месец јуни и јули 2019 ја разгледуваше состоjбата со производството на грозје. Имено, според официјалните  статистичките податоци во Република Македонија 48.000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од производство на грозје, 23.613 хектари од обработливата површина се лозови насади, каде што најголем процент се наоѓаат во кавадаречкиот и неготинскиот регион.

По направена анализа од страна на НФФ производната цена за винското сорта „вранец“ е 17 ден по кг , а за винската сорта  „смедеревка“ изнесува 16 ден по килограм.  На ваков начин со непромените и ниски откупни цени во текот на изминатата деценија,  земјоделците работат во загуба и дополнително од некои откупувачи не им се исплаќа навремено за предадениот род.

 НФФ преку разговор со своите членови лозаропроизводители и секторски пристап кон решавање на земјоделските проблеми ги дефинираше следните барања кои се презентирани и пред винариите и пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство:

  1.  Цената за „вранец“ да биде 17 ден по кг, а ценатна за смедеревка 16 ден по кг.
  2.  Функционирање на договорно производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој и гаранција на наплата (банкарска гаранција од откупувачите), како и исплата на откупено грозје најдоцна до 31.12.2019 за откупот од тековната година.
  3.  Бришење на член 17, став 5 од Законот за вино кој укажува на можноста од намалување од утврдената цена најмногу до 8% доколку плаќањето на винското грозје е во целост во рок од 7 дена од денот на приемот, како и во делот на прекршочните одредби, односно на намлаување на глобите со што се потенцира можноста од намерна злоупотреба на работата на одговорните лица.

По направените состаноци со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, винарските визби и лозарите на 15.08.2019 во Кавадарци сите овие барања беа изнесени од страна на НФФ. По опсежната дискусија и барањата за повисока цена за откуп на овие сорти грозје, винарските визби излегоа со став дека во текот на наредната недела ќе информираат за овие наши барања.

НФФ внимателно ја следи состојбата и ќе реагира при секој обид да се намали трудот на лозарите и да се доведат во ситуација која води на работ на егзистенцијата и уништување на долгогодишниот труд.               

Со почит,

Националната федерација на фармерите

COMMENTS