Едукација преку студиски кружок за производство на маџун

Едукација преку студиски кружок за производство на маџун

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТ КООРДИНАТОР
Започнува аплицирањето за субвенции и ќе трае до 15 мај
Обука на млади фармери за органско производство

Националната федерација на фармери со поддршка на We Effect во рамките на проектот за институционална поддршка на НФФ започна со реализизација на вториот по ред студиски кружок за едукација на своите членови во Тимјаник на тема Производство на маџун.  Маџунот е традиционалн производ познат по својот оргинален вкус и арома и благотворното дејство на човековото здравје уште од дамнина. Тиквешкиот регион е местото каде се прави најкавалитетниот маџун на овие простори. Овој традиционлен производ има добра цена и е се повеќе баран од страна потрошувачите како природен засладувач. Маџунот претставува можност за дополнителна заработка на лозарите од овој регион во услови кога цената на грозјето со години е непроменета.

       “Овде во Тимјаник започнуваме со работа со овој Студиски кружок на тема Производство на маџун со цел да ги научиме жените од овој регион како се прави маџун по традиционален рецепт но притоа да се почитуваат современите норми за производство на храна. Студискиот кружок ќе има повеќе активности каде меѓу другото предвидена е и практична едукација на жените под контрола на експерти за производство на храна. Ние сакаме руралните жени традицијата да ја претворат во можност од дополнителна заработка а во истовреме да се подобрат прехрамбените навики на населението истакна Јулијана Велковиќ лидер на студискиот кружок од Тимјаник”.

COMMENTS