Климатските промени го одземаат трудот и вредноста на земјоделците и земјоделките. Невидена штета се прави на руралното население. Ваква штета е направена во преспанскиот регион пред неколку дена со тоа што целосното производство на јаболка е уништено во преспанските села Крани, Наколец, Штрбово, Љубојно, Долно Дупени и Стење. Покрај тоа што штета е направена врз земјоделството, материјална штета е направена и во кампот во Крани и околните куќи.