„Организирано земјоделство до сигурен пласман“ тема на овогодинешниот земјоделски форум кој е во организација на Националната федерација на фармери во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ”, поддржан од шведската фондација We Effect, а ќе присуствуваат земјоделци, стопанственици, претставници од владини и невладини институции.

На предвидената панел-дискусија посебно се разговараше за договорното производсво и презентирани  искуства од Хрватска во делот на сигурниот пласман како и проектот на Европска унива во Република Северна Македонија за групи на производители.

Соговорници на панел дискусијата

г-дин  Младен Шимунац, Експерт за договорно производство, Хрватска

г-дин  Сашо Ристески, Македонска Асоцијација на Преработувачи

 г-дин  Димитрие Николов „Воведување и спроведување на мерките за заедничко  уредување на пазарите“ ЕУ проект Презентација на примери од фармери за тутун, пченица и мед

Во официјалниот дел ќе се обрати Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Анели Лејна, директорка за ЕУ регионот на We Effect, Билјана Петровска – Џартова претставничка од амбасадата на кралството Шведска во РМ,  проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Васка Мојсовска, претседателка на НФФ: За да постигниме напредок потребно е организирано производство кое ќе се базира на меѓусебен договор помеѓу земјоделците и откупувачите.Тој договор да се склучува на почетокот на календарската година со јасно прецизирани откупни цени со јасно дефинирани критериуми за производството на земјоделските производи со договорен квалитет и квантитет каде што самите откупувачи во текот на производната година ќе го контролираат производството со нивни стручни совети со давање на репроматерјали за производство на тие земјоделски производи  и вземно почитување на тие договори и од страна на откупувачите и од страна на земјоделците,всушност како што е и образложено во Законот за земјоделство и рурален развој.

Љупчо Николовски, министер за земјоделство: Организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери. Следејќи ги трендовите на понуда и побарувачка на светските берзи, земјоделците и откупувачите, преку договорното производство заеднички можат да го организираат производството, да направат план за потребните количини и квалитет, а со единствена цел да се спречи појава на вишок на земјоделски производи. Изминативе години сме сведоци дека поради неорганизираноста на производството речиси секоја година се соочуваме со вишок на производи кои нема каде се пласираат. За надминување на овие проблеми од круцијално значење и воспоставување на договорно производство помеѓу земјоделските производители од една страна и откупувачите и преработувачите од друга страна.

Анели Лејна, директорка за ЕУ регионот на We Effect :  We Effect е во овој дел од Европа и го поддржува развојот во руралната средина. We Effect е шведска организација, што ја црпи силата од шведското коперативно движење . Ние сме голема организација каде што  поддржуваме организации кои се наши партнери и за кои проценуваме дека треба да соработуваме со нив. Ние сме тука да ве подржиме и секако, не сме тука за да ви кажуваме што треба да правите.

Билјана Петровска – Џартова претставничка од амбасадата на кралството Шведска во РМ : Шведска во целост ги поддржува аспирациите за членство на Македонија во Европската Унија, и го потпомогнува тој процес и преку политичка и преку развојна поддршка. Но, овој процес покрај тоа што носи привилегии , истовремено ќе донесе и многу предизвици. Многу е важно предизвиците кои ги носи заедничкиот пазар на Европа да се дочекаат спремни, со усвоено законодавство и негова практична примена преку релевантните институции. Производството треба да биде организирано, со испочитувани стандарди на производство, како и да бидат континуирано обезбедени количини квалитет и навремена испорака на производи. Сето ова е за да можат македонските производители достојно да се соочат со конкуренцијата на пазарот. Разединети и неорганизирани земјоделци на европскиот пазар   ќе се соочат со потешкотии и подредена позиција кога ќе се борат за своето место на овој пазар. НФФ има значајна улога во обединувањето на земјоделците како и во претставнувањето на нивните интереси пред институциите. Но истовремено, НФФ има значајна улога во подготовката на македонските земјоделци за предизвоиците кои ги носи отворената конкуренција на европскиот пазар.

Во поздравните говори се обрати и Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна кој истакна дека Факултетот за земјоделски науки подготви анализа за спроведување на инвестиции за изградба на откупно дистрибутивни центри. „Откупот на земјоделските производи, пред сè на зеленчукот и овошјето како потсектори со големо значење и извозна ориентација, претставува критична фаза во вредносните синџири. Оваа анализа има за цел да даде јасна слика за актуелната состојба на производната база и функционирањето на синџирите, со акцент на предизвиците кои се поврзани со откупот. Вредносниот синџир е обработен во однос на сегментот на свежо овошје и зеленчук и сегментот на производите коишто се користат како суровина за преработувачката индустрија. Како резултат на анализата, се изведуваат можни насоки и опции за поефикасно организирање на откупот. Анализите извршени во рамките на оваа студија може да послужат како основа за развивање на соодветна стратегија и повеќегодишни акциски планови“, истакна Танасковиќ. ; \lsdprior