Говор на Васка Мојсовска на земјоделскиот форум „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

Говор на Васка Мојсовска на земјоделскиот форум „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

Нфф Предлози за Развој на Земјоделството 2018-2022
НФФ: минималната цена за откуп да биде производната цена
Говор на Васка Мојсовска, претседател на НФФ

Почитувани министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, почитувана Анели Лејна, регионален директор на Европа за We Effect, почитувана Билјана Петровска  – Џартова, претставничка од амбасадата на кралството Шведска, почитуван декан на Факулетот за земјоделски науки и храна, Вјекослав Танасковиќ, почитувани претставници на владини и невладини институции, почитувани професори, почитувани соработници, фармери и членови на Националната федерација на фармери, чест ми е  како Претседателка на Национална федерација на фармери да го отворам вториот земјоделскиот форум кој се одржува на тема „Организирано земјоделство до сигурен пласман“. Организатор на настанот е  Националната Федерација на фармери со подршка на шведската фондација We Effect. Тоа што сакам да  го потенцирам е дека треба  да се слушне гласот на земјоделците и треба да има дијалог со откупувачите, компаниите од земјодескиот сектор, преработувачите, владините институции и треба да работиме во креирање на вистински модел кој треба да направи сите да бидеме задоволни.

 Тоа што сакам да  го потенцирам е дека треба  да се слушне гласот на земјоделците и треба да има дијалог со откупувачите, компаниите од земјодескиот сектор, преработувачите, владините институции и сите заедно треба да работиме во креирање на вистински модел кој треба да направи сите да бидеме задоволни.

Е сега токму тука е прашањето колку тоа сите го сакаме ,колку  одделните интерси можеме да ги споиме и да се договориме да имаме сите корист, а воедно да има и корист и нашата држава.

Од друга страна ние сме дел од евроинтеграциските процеси и на сите ни е во интерес отворањето на европските граници каде што и нашите земјоделски производи ќе бидат конкурентни.  Ние се согласуваме со она што е наведено во европскиот извештај на напредокот на државата  каде што се вели дека постојат правни одредби за пазарни интервенции во согласност со ЕУ законодавството, но допрва треба да се имплентираат.

Сеуште е потребен напредок во усогласување на шеми наменети за артикли во подршка на јавно и приватно складирање, организации на производители и пазарни интервенции. Токму на ова сите инволвирани страни треба заеднички да работиме.

Во моите обраќања често кажувам дека Македонија е земја на производство на добрата храна произведена од вредните раце на нашите земјоделци.Ние како држава можам да кажам дека земјоделието ни е основна гранка со која што можеме да се пофалиме.Сите потребни услови за производство на храна ги имаме ,сонце вода почва и вредни земјоделци.Само треба сите овие ресурси рационално да се искористат  и да се организираат со добро подредени работи во сите алки на синџирот на земјоделието со добри стратегии за развој на земјоделието во кои што темелно ќе бидат опфатени сите чинители во тој синџир на земјоделство.За жал изминативе 3 децении од осамојостувањето на нашата татковина ние не направивме добри стратегии кои што ќе ги имплементираме за да го зајакниме нашето земјоделство и затоа сме овде каде што сме .Но За да постигниме напредок потребно е организирано производство кое ќе се базира на меѓусебен договор помеѓу земјоделците и откупувачите.Тој договор да се склучува на почетокот на календарската година со јасно прецизирани откупни цени со јасно дефинирани критериуми за производството на земјоделските производи со договорен квалитет и квантитет каде што самите откупувачи во текот на производната година ќе го контролираат производството со нивни стручни совети со давање на репроматерјали за производство на тие земјоделски производи  и вземно почитување на тие договори и од страна на откупувачите и од страна на земјоделците,всушност како што е и образложено во членот 32 од законот за Земјоделство и рурален развој.

Морам да истакнам дека напредок е направен со почитување на Законот за земјоделство и рурален развој и со активирање на функционирањето на потсекторските групи во Министерството за земјоделство, врз основа на добиените заклучоци од записниците на состаноците на потсекторските групи се гледа напредок во дијалогот и во секторот за млеко каде што самата потсекторска група работи на изнаогање на модул за квалитетно производство на млеко кое треба да гарантира квалитет и  добра цена.

Во секторот за винарство можам да истакнам дека измените на Законот за вино ги правивме со поставување на конструктивен дијалог каде што и од страна на голем број на винарии добивме поддршка дека треба да се тргне фамозниот член од Законот во кој што се вели дека ако исплатата на грозјето се направи во рок од една недела може да се намали откупната цена за 8% и од двете страни исто така се прифатија и законски измени кои ќе овозможат развој на малите винарии.

Сакам да стакнам дека добро е  што и Советот за земјоделство  и рурален развој започна да функционира, еве минатиот петок е одржана првата седница и тука може доста отворено да се разговара и преговара за креирањето на политиките кои токму можат да овозможат воспоставување на организирано производство и сигурен пласман.

Она што би сакала да напоменам дека согласно нашите анализа различни закони го третираат откупот, прво тоа е Законот за земјоделство, потоа Законот за вино каде се регулира откупот на виното, Законот за тутутун каде се регулира откупот на тутунот, Законот за облигациони односи и економската рамноправност застапена во Уставот на нашата држава. Националната федерација на фармери смета дека во креирањето на новиот Закон за земјоделство и рурален развој треба да го опфати целосниот откуп и договорно производство кое треба да е во согласност на Законот за облигациони односи и Уставот.

Анализа на пазари и барање на нови пазари треба да е приоритет понатаму. Еве последната анализа на Факултетот за земјоделски науки и храна за дистрибутивни центри за овошје и зеленчук покажа дека за нас голема закана стануваат Албанија и Косово, а порано ние таму извезувавме така што сега увозот се зголемува и тие исто така се појавуваат како наши конкуренти на другите пазари.

 Потребно е отварање на повеќе преработувачки капацитети а Не смееме да ги заборавиме и  постојните преработувачи, на кои што исто така треба да се разберат нивните проблеми посебно во делот на продажбата, знаеме дека увозот на прехранбени производи постојано се згоемува и тоа конкретно е и за нив закана.

Кога станува збор за откупот, за сите нас посебен проблем се нелојалната конкуренција, односно нерегистрираните откупувачи, кои и тоа како негативно влијаат на неуредувањето на договрните односи и организираното производство и затоа апелираме поголем инспекциски надзор и детектирање на дивите откупувачи бидејќи го пореметуваат пазарот и во многу случаеви ги манипулираат земјоделците .

Тука би сакала да ги споменам и недостаток на едукација и инвестирање во нови технологии од страна на земјоделците,  недостаток на едукација за претприемништво, недостаок на работна сила во земјоделскиот сектор, односно немаме сезонски работници и тоа е огромен  проблем за производството , непостоење на постберните технологии и продолжување на рокот за траење, недостаток на количини на одреден производ, мало учество на преробатувачките капацитети во откуп, неспроведување на анализи на пазарите, мал принос по единица површина.

Врз основа на сето ова што го кажувам  би споменале и неколку препораки:

– Мора еднаш ние земјоделците да разбереме  дека неопходно  за нас е здружувањето во кооперативи, групи на производители  и други форми на еконосмко здружување бидејќи само здружени ќе имаме посилни позиции при преговарањето на цените,подобро планирање на производството,пониски трошоци за производството со самото тоа  придобивки ќе имаме  на економски план, а пазарот ќе има испорака на поголеми количини и ќе има доследност на понудата и ритамот на испораката.

-Треба да се прави пресметка на производните цени од страна на секторот за анализи во Министерството за земјоделство.

– Преку цела година да постои дијалог и склучување на договри на откупувачите и земјоделците  и тука треба да се прати производството кое мора да биде со сертифициран материјал и контролирана употреба на заштитни средства.

–           Функционирање на Пазарниот информативен систем преку кој ке се следат цените на продажба на мало и големо

–           Соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, Агенцијата за потикнување и развој,  земјоделските Институти  кои ќе бидат надлежни за правње на   анализи за трендовите и развојот на нашето земјоделство и рурален развој и јакнење на нивните капаците и во делот на развој на иновативни технологии со опити за подобро производство.

– Керирање на мерки кои ќе овозможат јакнење на земјоделецот и правње на мониторинг и анализи со  индикатори на искористените мерки од програмите за субвенции, руралната програма, ИПАРД програмата. Тоа се тие мерки кои треба да потикнат развој на земјоделството и инфраструктурата во селото која исто така е важна за организирано производство.

-Воведување на Правилници за продажба на мало за произвоводи од растително и животинско потекло каде што земјоделците по определни стандарди произведуваат преработки од земјоделски производи и да можат индивидуално да ги продаваат.  Знаеме дека оваа процедура за Правилниците е  во тек од страна на Агенцијата за храна и ветерина и се надавам во најскоро време дека сите правилници ќе бидат изготвени.

И за крај би сакала да потенцирам дека  е важно  да имаме конструктивна дискусија и да се слушаме и разбереме сите заедно, да се донесат конкретни заклучоци за кои што сите понатаму би дејствувале за нивно реализирање во насока на развојот на земјоделството и селата.

Она што ние како држава можеме да се пофалиме е дака имаме добра храна и тоа треба да го зачуваме и развиваме.

Ви благодарам уште еднаш на сите за присуството и посакувам успешен форум и воедно во мое лично име и во име на Националната федерација на фармери сакам да се заблагодарм на We Effect и Шведксата влада што овозможи оваа активност да се реализира преку проектот „Институционална поддршка на НФФ“, како и за соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Факултетот за земјоделски науки и храна, ЕУ проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“, Сашо Ристевски од Македонската асоцијација на преработувачи и нашиот гостин од Хрватска Младен Шимунац, кој ќе ги пренесе искуства од Хрватска во делот на земјоделското производство.

COMMENTS