НФФ:Изменетата мерка  од четири годишната Програма за рурален развој и земјоделство е недискриминаторна , развојна и ќе ја следиме имплементацијата

НФФ:Изменетата мерка од четири годишната Програма за рурален развој и земјоделство е недискриминаторна , развојна и ќе ја следиме имплементацијата

Среќен празник со надеж за подобри времиња за жените
Започнa исплатата на штети од пролетните мразеви
50 фармери во организација на ННФ го посетија земјоделскиот саем во Нови Сад

Ефективни, а не дискриминаторни мерки. Ова го бара Национална федерација на фармери  во рамките на сите подршки насочени кон руралните жени кои ќе овозможат нивен развој и достоинствен живот.Измената на мерката наменета за активен женски член во земјоделското стопанство од четиригодишната Програма за земјоделство и рурален развој 2018 -2022 која е направена со одлука на Владина седница на предлог на Министерството за земјоделство во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ние како организација сметаме дека е ефективна посебно во делот што овие средства се наменети за јакнење на жената од руралните средини и е наменета за инвестиции кои ќе придонесат за развој на руралните средини.

“ Во претходната мерка 115 која навистина беше лошо дефинирана и дискриминаторна се покриваше до 70% од износот на минималната плата и требаше да се исплаќа од периодот на раѓањето на првото дете до 50 годишна возраст. Воедно условите беа дека жената треба да е во брак, да е мајка на едно дете, невработена, домаќинка и да живее на надморска височина од 700 мерти во населено место од 200 жители.   Како што ни е потенциранo од Министерството за земјоделство овие дискриминаторни услови се тргнати  и сметаме дека со оваа мерка ќе се овозможи подобрување на економската положба на жената во руралните средини и вреднување на нејзиниот неплатен труд, како и поголемо вклучување во процесот на одлучување во рамките на семејното земјоделско стопанство.  Сакам да истакнам дека ние како НФФ ќе ја пратиме имплементацијата на оваа мерка, која започнува да се применува од оваа година и  воедно ќе ги следиме критериумите и условите за аплицирање кои во ниту еден случај не треба да бидат дискриминаторни“, истакна Васка Мојсовска, претседателка на НФФ на денешната средба со медиуми која се одржа во Жена Парк во Скопје

За оваа промена што сега е направена  НФФ бараше да се реализира уште од 2014 година кога дискриминаторната мерка стана дел од старата четиригодишна Програма за рурален развој, но не наидовме на конструктивен дијалог од страна на институциите. НФФ лоби активности продолжија и во 2018 година, кога таа стана дел и од новата четиригодипна Програма за земјоделство и рурален развој. Имавме интензивни разговори со надлежните инститиции, поднесен е извештај до Обединетите нации, имавме и прес конференција, подршка од  други невладините организации кои беа дел осмомартовскиот марш.  Подршка добивме и од шведскта фондација We Effcet, , Факултетот за земјоделски науки и храна и UN Women .

„На Меѓународниот ден на руралната жена во октомври 2018 година  потпишавме  и Декларација за подобрување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини  со Министерството за земјоделство и Министерството за труд и социјална, така што сега сметаме дека овој пример е добар пример  како треба да се лобира и коминицира помеѓу надлежните институции и невладиниот сектор за да имаме конструктивен дијалог и резултат. Сепак како што истакнав ќе ја следиме имплеменатцијата на мерката и условите за аплицирање, како и ефектите на мерката врз  руралните средини и обезбедување на подобар живот на жените и нивните семејства“, истакна Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Националната федерација на фармери уште еднаш ги потенцира препораките  на Обединетите нации, каде  што е истакнато дека руралните жени мора да бидат вклучени во процесите на донесување на одлуките на сите нивоа во земјоделскиот сектор и руралните средини и во креирањето на земјоделските политики и политиките за рурален развој.  Само на ваков начин руралната жена ќе биде видлива во општеството и ќе може да одговори на предизвиците што ја очекувата и со кои се соочува.

COMMENTS