Во организација на Сојузот на пчеларски здруженија се одбележа Меѓународниот ден на пчелата со саемска манифестација на Плоштад Македонија во Скопје. На самата манифестација учество зедоа и членови на НФФ. На денешниот Светски ден на пчелата, целиот свет се потсетува на важноста на пчелите за животната средина и се испраќаат пораки за заштита на пчелите.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изрази посебна благодарност до Република Словенија и до амбасадата на Словенија во Република Северна Македонија, за нивната заложба и иницијатива до Организацијата на Обединети Нации, за 20-ти Мај да биде прогласен за Светски ден на пчелата.