Инфраструктурата значаен сегмент за развој на руралните општини. Пристапните патишта до земјоделските површина се дел од руралната инфраструктура и се под надлежност на самите општини, кои треба да ги прават и одржуваат. Ваквите ветувања има од општините само на збор, но теренски резултати нема.  Па кога не се прават патиштата, земјоделците во прилепското село Мажучиште самоиницијативно се организираа за да ги направат пристапни патиштата кон своите земјоделски површини. Акцијата е добар пример за организиран настап и воедно апел до општините што треба да работат во руралните средини, ако сакаме да ги задржиме селата.
Сликите се испратени од страна на Стеванче Јорданоски, член на УО на НФФ.