ОГЛАС ЗА НОВИНАР ЗА УРЕДУВАЊЕ И ПИШУВАЊЕ НА ТЕКСТОВИ ВО РЕГИОНАЛНОТО СПИСАНИЕ TOKA IME

ОГЛАС ЗА НОВИНАР ЗА УРЕДУВАЊЕ И ПИШУВАЊЕ НА ТЕКСТОВИ ВО РЕГИОНАЛНОТО СПИСАНИЕ TOKA IME

Состанок на мрежата на млади фармери на НФФ
Соопштение
Годишно обраќање на Васка Мојсовска, претседател на НФФ и управниот одбор на организацијата

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-Стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини. Во рамките на своите активности НФФ го издава единственото списание за земјоделство и рурален развој на македонски јазик “Моја Земја” како и регионално списание за Албанија, Косово и Македонија на “Toka Ime“ на албански јазик кое се публикува во електронска форма.

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на новинар за уредување на текстови и пишување на текстови во регионалното списание Toka Ime во делот на подготовка и организација на текстовите за наведените списание.

Новинарот треба да:

  • Има високо образование од областа на новинарство;
  • Многу добри организациски вештини;
  • Одлично писмени и вербални комуникациски вештини на македонски јазик и пожелно е да знае и албански јазик;
  • Просечна работно познавање на англискиот бизнис јазик;
  • Добро познавање на Microsoft Office и алатки за управување со проекти;
 

Новинарот пожелно е да има искуство во:

  • Има искуство во новинарството, посебно во печатените медиуми;
  • Искуство во подготвка на текстови и прилози од областа на земјоделство и рурален развој;
  • Искуство со невладиниот сектор;
  • Искуство од работа на терен;

Новинарот мора да биде способен да:

  • Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи;
  • Работа во атмосфера на родова еднаквост;
  • Работа под притисок и краток рок;
  • Работа во тим;

Обврките на новинарот опфаќаат:

  • Подготовка на текстови и нивно уредување согласно насоките од уредникот;
  • Организација на слики и текстови согласно структурата на списанијата;
  • Собирање на дополнителни информации и анализи за подготвените прилози;
  • Предлози за прилози и стории од областа на земјоделство и рурален равој;
  • Теренски посети во руралните средини, фотографирање и интервјуа за подготовка на текстови;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до  06.05.2019 година.

COMMENTS