Социјалното домување, состојбата во студентските домови во Скопје и потребата од инклузивно образование се дел од новинарските стории кои победија на новинарскиот конкурс „Гласник на невидливите“ што втора година по ред ја доделува Македонската платформа против сиромаштија (МПСС).

Од вкупно 22 стории кои пристигнале на конкурсот, пет беа наградени со статуетка во форма на светилка, што значи дека со своите зборови овие новинари успеале да внесат светлина во животот на сиромашните и социјално исклучените.

Целта е промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, во кое се почитуваат граѓаните и нивното достоинство, како и оддавање благодарност на новинарите кои внимаваат преку нивното информирање да не се градат стереотипи и кои не се водат од сензационализам.

Ружа Стоимилова, локалeн кординатор од Кочанскиот регион на МЖФ на Националната федерација на фармери е дел од комисијата која одлучува за доделување на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“ организирано од Македонска платформа против сиромаштијата (МППС). Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Националната федерација на фармери се заблагодарува за поканата за учество и ја подржува ваквата активност на Македонската платформа против сиромаштоја бидејќи наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.