Генералното собрание ја донесе петгодишната стратегија на НФФ

Генералното собрание ја донесе петгодишната стратегија на НФФ

Среќен празник со надеж за подобри времиња за жените
Прв земјоделски форум 
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

Донесена нова петгодишна стратегија на Националната федерација на фармери на одржана Годишната седница на Редовното годишно сoбрание на Националната федерација на фармери кое брои 64 делегати. Стратешки цели на НФФ се: Воспоставување на систем за лобирање и застапување, информирање и едукација на членовите, економско јакнење на жените и младите во руралните средини, прилагодување на земјоделството на новите климатски промени, развој на руралните средини, подобрување на условите на родовата рамноправност, регионално поврзување и комуникација со земјоделските здруженија и меѓународни организации и институции. Специфични цели на Стратегијата :организациски развој, воспоставен систем за лобирање и застапување, информирање и едукација на членовите, економско јакнење на жените и младите во руралните средини, развој на руралните средини, подобрување на условите на родова рамноправност и регионално поврзување. Во работниот дел делегатите усвоија годишниот план и буџет на функционирање на организацијата и назначена е Вангелина Пармачка за членка на УО од малите фармери во НФФ.

Работниот дел на собранието на НФФ се води од претседавот, Владе Петровски и двајца заменици помошници Африм Зибери и Вангелина Пармачка.

На официјалниот дел присуствуваа 100 гости, односно членови, делегати на НФФ, соработници и претставници на владини и невладини институции и проекти. НФФ секоја година организира Годишно собрание, почитувајќи ги законските прописи на македонското законодавство и преку определени одредби дефинирани во Статутот на НФФ и деловници го спроведува Генералното собрание.

На свечениот дел се обрати Васка Мојсовска, претседателка на НФФ потенцирајќи дека Национална федерација на фармери преку својот секторски систем за лобирање и оваа година ги анализираше состојбите во земјоделскиот сектор, со тоа што беа подготвени 18 анализи за персоналниот данок, зелената нафта, предлози за програмите за финансиска подршка и рурален развој, климатските промени, пласман и откуп, Закон за вино.Еден од значајните настани кои ги реализиравме изминатиот период е Првиот земјоделски форум, каде што се зборуваше за договрно производство, пласман и адаптирање на земјоделството на новите климатски промени.

„Она што сакам да потенцирам дека за нас како организација е од пособено значење потпишување на Декларацијата за подобрување на економскиот и социјалниот статут на жените од руралните средини. Оваа декларација е потпишана со две значајни министерства и тоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика на денот на Меѓународниот ден на руралната жена . Посебен настан за нас како организација е тоа што во октомври учествувавме и за првпат како невладина организација од областа на земјоделството и руралниот развој поднесовме извештај до CEDAW Комитетот во Обединетите нации кој прави мониторинг на Декларацијата за елеминирање на сите форми на дискриминација кон руралните жени. Она што го потенциравме во самиот извештај и во самото обраќање е дека Жените во руралните средини се невидливи, маргинализирани и оставени сами да се борат за опстанок“, потенцира Мојсовска

„Се надевам дека во рамки на потсекторските групи во склоп на МЗШВ заедно со социјално –економските партнери и со професорите ќе креираме соодвтени мерки и стартегии за развој на земјоделството. Имаме уште многу работа, ова е само почеток, и ова е само трасирање на патот на стабилизирање на земјоделството. Пред нас е макотрпна заедничка работа која што сум убеден дека во периодот што следи ќе даде позитивни показатели и дека земјоделството ќе биде стожер на нашата економија.се преземаат активности во делот на изградба на откупно-дистрибутивни центри на кои заеднички се работи со Факултeтот за земјоделски науки и храна“, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Јас ќе зборувам во име на земјоделците од 25 земји во светот каде што работи We Effect. Националната федерација на фармери покажа дека е силна организација која ја менува играта во Република Северна Македонија. НФФ е гласот на земјоделците и е се погласна и погласна во нивните барања, затоа бидете уште погласни и секогаш кога ќе се свртите назад и кога мислите дека нема никој друг We Effect е тука да ви помогне “дел од говорот на Анели Лејна регионален директор на We Effect за Европа на Генералното собрание на НФФ.

„НФФ е долгогодишен партнер на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и скоро во сите проекти на Факултетот е активно вклучена. Факултетот без НФФ не може да го замисли развојот на земјоделството и земјоделците посебно во делот каде што науката има клучна улога “ дел од обраќањето на проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, Декан на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скоје на Годишното собрание на НФФ.

„Како дел од новата четиригодишна интервенција за промовирање на политики и буџети за родова одговорност, ќе продолжи да ги поддржува активностите за подобрување на положбата на руралните жени, учење и корист од претходните искуства, обезбедување буџети и проекти и да ги одразуваат потребите на руралните жени и мажи. Ние веќе направивме разлика, и тоа во координирани напори со нашите партнери од Владата, невладините организации и други донаторски агенции навистина да веруваме дека можеме да направиме многу.Би сакала да се заблагодарам на сите вас за вашата доверба, партнерство и пријателство во нашите иницијативи, Националното федерација на фармери, Министерството за земјоделство,шумарството и водостопанство, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, Министерство за труд и социјални политики“ дел од говорот на Генералното Собрание на НФФ на Ермира Лубани, Регионален технички советник за родово одговорно буџетирање, Канцеларија на ОН за родова еднаквост и зајакнуање на жените – UN Women во Скопје –  .

„Една од најактивните групи во рамките на Конвенцијата на ЕУ за Република Македонија е групата за земјоделството и рурален развој и тука морам да истакнам благодарност на активниот ангажман на НФФ и на Факултетот за земјоделски науки кои со голема стручност, професионалност и посветеност работат на анализите и препораките кои се во насока на одржливо земјоделство во рамките на евроинтеграциските процеси “дел од обраќањето на проф. д-р Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење на РМ кое е имплементатор на Конвенцијата на ЕУ за РМ на Генералното Собрание на НФФ. emihidden

COMMENTS