13 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Работилница: Наводнување во услови на климатски промени

Едукацијата на земјоделците за правилно наводнување е од исклучителна важност во борбата за ублажување и справување со климатските промени . За таа цел Националнита федерациија на фармери со поддршка на шведскиот кооперативен центар We Effect за своите членови во Гратско  организираше предавање на тема„ Наводнување во услови на климатски промени“. Предавач на работилницата е проф.д-р Вјекослав Танасковиќ,  декан на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје  .

Тој посочи дека определувањето на времето на наводнување на земјоделските култури е една од првите и основни задачи во земјоделството.

„Наводнувањето првенствено зависи од правилното определување на времето и употребата на количеството на вода. Правилно и успешно наводнување е она каде што точното количество вода се аплицира во правилен момент за културата. Залевањата со помало и со поголемо количество на вода се подеднакво штетни за земјоделските култури “ посочи Танасковиќ.

Во рамките на предавањето земјоделците добија совети и за правилно ѓубрење на земјоделските култури преку системот за наводнување „капка по капка. Танасковиќ презентираше примери за препознавање на симптомите на растенијата на недостаток на макро и микро елементи и нивно надополнување со употреба на течни ѓубрива преку користење на системи „капка по капка“ кај пооделлни култури.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,740FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles