НФФ дел од осмомартовскиот марш

НФФ дел од осмомартовскиот марш

НФФ – ФЗНХ : Доделана благодарница за успешна соработка
Зимска работилница во Кочни
Работилница: Наводнување во услови на климатски промени

Националната федерација на фармери го подржа денешниот осмомартовски марш истакнувајќи дека жените во руралните средини се дискриминирани и не ги уживаат целосно своите права. НФФ исто така смета дека под хитно треба да се донесе Законот против дискриминација од страна на Собранието.

„Бараме почитување и остварување на правата за пензија, породилно отсуство за регистрираните земјоделки, програми и кампањи кои ќе влијаат на менување на свеста на руралното население дека и жените треба да се наследници на имот и земјоделско земјиште. Бараме ефективни мерки, а не дискриминаторни затоа треба да се остранат услловите за аплицирање на мерката 115 од четиригодишната програма за рурален развој каде што за да биде подржана жена од земјоделско стопанство треба да е мажена, да има 1 дете, да живее во населено место над 700 метри надморска височина со 200 жители. Поголема дискриминација од тоа да кажеш дека за да сопствената држава во која што работиш ќе те подржи и ќе го признае твојот труд само ако имаш родено дете и си во брак и живееш во планина, искрено кажано нема“, истакна Вангелина Пармачка, членка на НФФ која зборуваше во име на руралните жени. Подрша во реализирање на лоби активностите во делот на правата на руралните жени НФФ во најголем дел добива од Шведскиот кооперативен центар We Effect.

COMMENTS