Членови на потсекторската група за мед  на МЗШШВ, каде што НФФ има 4 свои претставници одржаа состанок со Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. На состанокот се разговараше за подобрување на комуникацијата помеѓу потсекторската група и министереството.

Од страна на пчеларите беше побарано да се направи намалување на стапката на ДДВ на пчеларска опрема од  18 % на 5% на што од страна на министерот беше дадено ветување дека истото ќе се реализира во најкус временски рок.

Беше разговарано да се намали минимумот  за добивање на субвенции од 35 на 10 семејства, затоа што со тоа ќе се стимулираат младите пчелари кои почнуваат да се занимаваат со оваа дејност.

Пчеларите побараа во тековната 2019 година да се објави повик од страна на МЗШВ за набавака на пчеларска опрема преку програмите за поддршка со конкретно барање за дополнителни консултаци со потсекторската група за начинот и деталите на повикот. Од МЗШВ беше  побарано да се креираат нови политики за развој на пчеларскиот сектор кои ќе бидат синхронизирани со Европските регулативи за пчеларство, во тој контекст Министерот Љупчо Николовски истакна дека  на ова проблематика заеднички ќе се работо и 20 мај – денот на пчелата ќе биде одбележан заеднички со пчеларите.