Националнита федерациија на фармери со поддршка на We Effect го реализираше првиот студиски кружок за едукација на своите членови во Гевгелија, кој организираше средби на тема „Наводнување во услови на климатски промени“. Во рамките на студискоит кружок се одржаа неколку едукативни средби на членовите на студиски кружок и на секој од нив се разговараше за разни аспекти за наводнувањето. Како на пример за: загуби на вода преку транспирација и евапотранспирација, норми на наводнување, видови системи за наводнување и фертиригација.

На последната средба во рамките на студискиот кружок  деканот на факултетот за земјоделски науки и храна Проф.д-р Вјекослав Танасковиќ пред фармерите презентираше практични совети околу наводнувањето во услови на климатски промени. Фармерите добија практични совети како да го определат на времето и потребното количество на вода при наводнувањето се со цел за подобрување на приносите од земјоделските култури, но и за порационално користење на водата во земјоделското производство, особено, кога се очекува климатските промени во иднина да имаат поголемо влијание врз водните ресурси во нашата земја.

Танасковиќ презентираше примери за препознавање на симптомите на растенијата на недостаток на макро микро елементи и нивно надополнување со фертиригација  употреба на течни ѓубрива преку користење на системи капка по капка кај пподлелни култури кои се застапени во гевгелискиот регион.