НФФ Активности за лобирање и застапување 2018

НФФ Активности за лобирање и застапување 2018

Оглас за финансиски администратор
ОГЛАС ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
НФФ реализира средба со АФПЗРР

18 препораки и анализи за зелената нафта, обештетувањата од мразеви и суши, вишоците на производство, откупната цена, договорното производство, креирањето на мерките за поддршка во руралнито развој, субвенциите, ИПАРД, состојбата со сиромаштијата во руралните средини, положбата на руралната жена, земјоделските пензии, породилниот надомест за жените од рурални средини, акцизи за алкохолни преработки, интервентен откуп на пченица, предлози за договрно производсво на грозје и јаболко, испратени до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Министерството за финансии, Владата, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за стоковни резерви.

НФФ е социо -еконосмки партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , учесник на 9 потсекторски групи каде одлуките донесени за земјоделство и рурален развој претставуваат официјална препорака до ресосорното министертво и Владата.

Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените во руралните средини потпишана од Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој во РМ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 15 октомври за Меѓународен ден од руралните жени.

НФФ со поддршка на Националниот Ромски Центар и регионалната канцеларија на We Effect  во Скопје подготви и достави  извештај за жените од руралните средини во РМ до Комитетот за елиминација на сите видови на дискриминацијата врз жените на ОН и учествуваше на неговата 71-та седница,  каде даде конкретни препораки за подобрување на социјалната и економската положба на  жените од руралните средини кои се целосно прифатени од Обединетите нации.

НФФ присуствуваше на состанокот за подготовка на ЕУ Извештајот за напредокот на РМ и даде забелешки и препораки за подобрување на состојбата во земјоделството и руралниот развој

НФФ учествуваше во работна група на Владата на Република Македонија за изработка на Стратегија за соработка со невладини организации.

Во соработка со Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и Факултетот за земјоделски науки и храна организира 4 работилници за подобрување на квалитетот на производството на млеко во согласност со регулативата за производство на млеко во ЕУ кој влегува во примена од 2020.

НФФ заедно со Националниот Ромски Центар организира обука за “Легализација на објекти и конструкции на земјоделско земјиште и други објекти и конструкции”.

НФФ и Факултетот за земјоделски науки и храна подготвија анализа и препораки за ИПАРД, кредитирање во земјоделството и земјоделското задругарство за кои се дебатираше и препораките се освоија од Националната конвенција на Македонија за ЕУ ​​, организирана од Европското движење на РМ.

НФФ го организираше Првиот форум за земјоделство каде се дадени препораките за спроведување на договорното производство и справување со климатските промени.

НФФ учествува во Проект Бордот на  ЕУ ​​проект за консолидација на земјоделското земјиште имплементиран од ФАО и во советодавната група за промена на законодавството за земјоделски задруги, кој е дел од ЕУ проектот за развој на земјоделските задруги.

НФФ организираше средба меѓу земјоделците од Преспанскиот регион и Гостиварскиот регион со Делегацијата на ЕУ во Македонија за проблемите и предизвиците на овие региони каде што ЕУ може да помогне преку ИПА програмата. Земјоделците ги истакнаа проблемите со пазарите, климатските промени, руралната инфраструктура што претставува пречка за развојот на руралниот туризам, лошата состојба во селата во однос на инфраструктурата, училиштата, како и проблемите и пречките со искористување на ИПАРД програмата.

COMMENTS