Потсекторски групи основа за градење на ставовите на НФФ

Потсекторски групи основа за градење на ставовите на НФФ

НФФ Активности за лобирање и застапување 2018
ОГЛАС ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Годишно обраќање на Васка Мојсовска

Националнаа федерациа на фармери на фармери оваа година е активно вклучена во потсекторските групи на Министерството за земјоделство (МЗШВ), каде што дејствува во насока на реализирање на мерки за земјоделската политика и програми, кои се барања на членовите на организацијата и се во насока за развој на земјоделството и  руралниот развој. Во прилогот на списанието се наведени мерките кои НФФ преку потсекторските групи ги бараше да бидат дел од Програмата за земјоделство и рурален развој и се влезени како заклчоците на самите состаноци, но и се презентирани и на заедничката средба која МЗШВ ја реализира со сите потсекторски групи.

Во рамките на НФФ постои и потсекторски систем, каде што се формирани 6 потсекторски групи за градинарство, лозарство, овоштарство, млеко и месо,поледелство, пчеларство кои ги разгледуваат проблемите и предизвиците на секој оделен потсектор и изградените ставови ги презентираат пред надлежните институции.

НФФ во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од Шведскиот кооперативен центар We Effect организира работилница со лидерите на потсекторските групи во НФФ и претставниците на потсекторските групи во МЗШВ, членовите на УО на кои ги разгледа предложените мерки за Програмите за директни плаќања во земјоделството и Програмата за рурален развој и го дефинира Годишниот план за лобирање и застапување на НФФ. Предизвиците и проблемите во земјоделството и руралниот развој беа разговарани и на средбите со Мрежата на млади – фармери и Мрежата на жени земјоделки на НФФ.

Во рамките на овие средби се реализирани 6 работилници за лобирање и застапување за членовите на УО, потсекторските групи, младите – фармери, жени – фармери, нови членови на Федерацијата и вработените на НФФ. Обучувач на  работилниците е Катерина Шојиќ од Националниот ромски центар.

COMMENTS