Годишно обраќање на Васка Мојсовска, претседател на НФФ и управниот одбор на организацијата

Годишно обраќање на Васка Мојсовска, претседател на НФФ и управниот одбор на организацијата

АХВ со препораки за поплавите
Заедно до успех
Редовна  седница на Годишно Собрание на НФФ

Национална федерација на фармери преку својот секторски систем за лобирање и оваа година ги анализираше  состојбите со откупот и пласманот на земјоделските производи. Како што и се гледаат состојбите на терен сликата ни малку не е светла во последните неколку години производните цени на земјоделските производи се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Од друга страна земјоделците се изложени на негативните влијанија на климатските промени кои што прават големи штети во сите земјоделски сектори. 

Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделството се следните : Ниски откупни цени, неорганизираност кај самите земјоделци, нелојална конкуренција (позната како зелена мафија) која го има монополот на пазарот за откуп, непостоење на договорно производство, недостаток на едукација и инвестирање во нови технологии од страна на земјоделците,  недостаток на едукација за претприемништво, непостоење на постберните технологии и продолжување на рокот за траење, недостаток на количини на одреден производ, мало учество на преробатувачките капацитети во откуп, неспроведување на анализи на пазарите, мал принос по единица површина.

               Врз основа на ваквите забелешки Националната федерација на фармери ги дава следните препораки за кои мора да има серизен пристап и на кои треба да работиме заедно за нивно имплементирање:

–              Согласно законските одредби треба да се прави пресметка на производните цени

–              Функционирање на Пазарниот информативен систем преку кој ке се следат цените на продажба на мало и големо, кој е дел од Стратегијата за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и врз чија основа се прави проценка на трендот на движење  на цените за да се предвидува интервенција.

–              Преку соодветно одделение на МЗШВ да се прави анализа за постоење на навремени и реални податоци за моментални сезонски и годишни очекувања на приноси од постоечко земјоделско производство и посебно градење на стартегија за извоз на земјоделските производи на други пазари со посебен осврт на регионалните пазари.

–              Соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, Агенцијата за потикнување и развој и МЗШВ за подготовка на анализи за просечна цена на чинење на земјоделските производи.

–              Почитување и имплементација на Законот за земјоделство и рурален развој за договорно производство каде што јасно е дефинирана формата и содржината на договорот за откуп во член 32 и ние како НФФ бараме склучувањето на договорите за откупот на земјоделски производи да биде на почетокот на годината (примена на праксата како што е регулирано кај тутунот).

–              Развој и јакнење на земјоделските задруги како основен начин и неопходен начин за економско обединување на малите земјоделци и земјоделски стопанства.

–              Воведување на Правилници за продажба на мало за произвоводи од растително и животинско потекло каде што земјоделците по определни стандарди произведуваат преработки од земјоделски производи како што се  мармалади, млечни производи, слатко, сирење и сл  и да можат од своите домови да продаваат на индивидуални лица и правни субјекти (НФФ ваквата пракса ја виде во Словенија каде што земјоделците произведуваат домашни производи и ги продаваат на други граѓани, училишта, хотели и цената е доста повисока за самата преработка. На пример во Словенија за предадено млеко во преработувачки капацитети е тројно пониска отколку од произведен јогурт наменет за училиште каде што цената изнесува 1 евро за пола литар. Замјоделците во Словенија склучуваат договри со училишта, хотели и согласно оделни правилници можат да продаваат вакви домашни производи како земјоделски стопанства, а не како фирми).

               Колебливоста на климата е веќе зголемена во Република Македонија. Во земјата доаѓа до појава на високи температури, поплави, мраз, град земјотреси, свлечишта. Според анализата на Светска Банка, Македонија веќе стана земја со висока изложеност на најразлични природни непогоди,  особено: поплави, суши, екстремни температури, град и земјотреси.

               Според анализитае најранлив регион е централниот дел на земјата, Југоисточниот Дел на Македонија, Јужната Долина на реката Вардар, која се протега од Овче Поле и Свети Николе до Гевгелија и Богданци. Како многу ранливо подрачје се одредува и Скопско-Кумановското Поле, кое се протега низ повеќето скопски општини и општините Липково, Куманово и Старо Нагоричане.

Најранливи се одредени култури: пченица, како најважна житарка, насекаде распространета; грозјето, доматите, како најтипични култури за нашето поднебје; луцерка, и јаболката, како најзначајно овошје за Преспанскиот регион.

Од особено значење е соработката и создавање на заеднички регионален превентивен систем за климатски промени. Земјата располага со Стратегија за климатските промени, но сѐ уште треба да развие сеопфатна политика и стратегија за климатско дејство во согласност со Рамката 2030 на ЕУ.

               НФФ  препораки за адаптација на земјоделството на новите климатски промени и заштита на земјоделството :

–              Едукација на земјоделците и стручниот кадар за адаптивните мерки за земјоделството врз новите климатски промени

–              Инсталирање и набавка на метеролошки станици во земјоделските рурални средини

–              Правење на анализа и стратегија за алтернатирни производи за производство кој ќе се вклопат во новите климатски услови

–              Навремено чистење на одводните канали и јакнење на свеста кај земјоделците за непретворање на овие канали во депонии.

–              Враќање на противградобијните ракети  преку кои се спречуваат непогодите  како што се градот кој прави големи штети во земјоделството

–              Системите за наводнување да почнат да функционираат од почетокот на април, односно крај на март за да можат да се преземаат превентивни мерки против мразот и навремено да започне наводнувањето

–              Заштините мрежи, anti – frost системите, , заштитни фолии,системите капка по капка да бидат дел од Програмата за финансиска подршка за рурален развој и да се зголеми подршката за нив.

ИПАРД програмата е значајна за развој на земјоделството и руралниот развој и овие средства треба да придонесат за развој на земјоделството, но мора да истакнеме дека голем проблем и понатаму се легализацијата на фармите, посебно на оние што се во населени места, непостоењето на детални урбанистички планови и нерешените имотно правни односи и административните пречки. Тоа значи дека понатаму треба оваа прашање сериозно да биде сватено од страна на општините и да постојат оделни сервисни услуги од општините за постапката за легализација на фармите. НФФ исто така бара продолжување на рокот за легализација на фарми и повторно објавување на рокот за легализација на фарми на земјоделско земјиште кое е дел од Законот за земјоделско земјиште, за кое што треба да се направат измени.

Мора да се истакне дека потсекторските групи во рамките на Министерството за земјоделство почнаа да функционираат, но она што се бара е поголема дијалог и прифаќање на заклучоците од овие потсекторски групи, односно реално да се анализираат и прифаќаат нашите предлози наменети и за законски измени и за формирање на програмите за директни плаќања и рурален развој. Временската рамка за аплицирање и исплата на субвенциите и програмата за рурален развој треба да се воспостав и  ние како Национална федерација фармери бараме повеќе програмите да бидат насочени на развој на регистрираните земјоделци.

Од друга страна НФФ во наредниот план ќе подготви акциски план и ќе врши мониторинг на имплементација на препораките на Комитетот на обединетите нации за елиминација на сите форми на дискриминација на жените каде што препораките се во насока на активно вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд, еднакво присуство во социјалните,  земјоделските и руралните државни програми, активно вклучување на жените во процесите на одлучување.

Исто така сакаме да истакнеме дека со новиот Закон за зелените пазари со кои се оневозможува продавање на зеленеите пазари од социјалци, стечајци, пензионери се кршат основните човекови права, овие ранливи категории на граѓани се туркаат во поголема сиромаштија и се овозможува развој на сивата економија. Со ваквиот Закон се работи спротивно од европските правила и се крши во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации.

На крајот би сакале да истакнеме дека без обединување неможе да се слушне гласот на малиот земјоделец, затоа треба поголемо здружување и тука сакаме да истакнеме голема благодарност до шведскиот кооперативен центар We Effect, кои преку својата подршка овозможува ние малите да станеме гласни односно да се бориме за оставрување на нашите права и слободи кои се во инетерс на развојот не само на земјоделството и руралната средина, туку и на опстанокот на општеството преку производство на храна.

На крајот во име на Управмиот одбор на НФФ, членството и тимот на вработени Сакаме да ви посакаме здравје, успех и среќа и љубов во Новата година, а на земјоделците само да им потенцираме дека продолжува нашето дејствување и соочување со  предизвици за подбри времиња за земјоделството.

COMMENTS