Сточaрите бараат прогласување на јагнето за стратешки производ

Сточaрите бараат прогласување на јагнето за стратешки производ

ФАО Работилница за зајакнување на агрометеролошкиот сектор
НФФ – ФЗНХ : Доделана благодарница за успешна соработка
АХВ со препораки за поплавите

Во Теово одржана обука за лобирање изастапување со здружението Агроцентар, членка на НФФ. Обуката е спроведена во организација на Националната федерација на фармери и Националниот ромски центар. Обукта е подржана од Шведскиот кооперативен центар We Effect.

Претседателот на здружението Митко Јанковистакна дека членувањето на здружението во НФФ му дава можност полесно да ги решаваат проблемите на членовите на здружението поради фактот дека  НФФ е социо економски партнер на државата, а со самото тоа е направен линк помеѓу обичниот земјоделец и структурите на државата и проследување на информации.

По презентацијата се отвори дискусија каде сточарите се пожалија на ниската откупна цена на јагнето.Тие посочија дека  има потреба од прогласување на јагнето за стратешки производ и дека треба да се дефинира производна цена на јагнето од страна на државата. Во случај кога откупната ценае пониска од производната цена на јагнето,  државата треба да интрвенира со покривање наразликата на двете цени, се со цел да се направи начин со кој би се спасил овојсектор затоа што трендот на намалаување на сточниот фонд особено кај овцитедобива алармантни димензии.

На состанокотприсуствуваше и директорот на Јавното претпријатије за пасишта Љуљзим Фејзулаи, кој ги информираше сточарите за плановите на јавното претпријатие за следнатагодина кога се планира да се инвстира во водопоила и во изградба на патишта.  Во дискусија беше разговарано и за проблемитесо легализацијата на фармите, како и со ниската откупна цена на волната иначините како да се изнајдат решенија за сточаритe.

COMMENTS