Жените од руралните средини се невидливи и заборавени од страна на државата. Социјалната исклученост, невработеноста, родовата дискриминација, нееднаквата распределба на ресурси, доминација на традиционалните норми, не остварување на правото за сопственост на земјоделски имот и породилно отсуство, ограничен пристап до едукација, информација, здравствени и социјални услуги. Ова се проблемите кои  Националната федарција на фармери ги истакна во Женева пред Комитетот на Обединети нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените и ги информира своите членки на Годишниот состанок на Мрежата на жени земјоделки на НФФ. Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска истакна дека оваа година доста активности во делот на лобирањето за руралните жени се направени, потпишана е Декларација за подобрување на состојбата на жените од руралните средини со Министерството за земјоделство и Министерството за труд и социјална политика, Поднесен е извештај до Комитетот на Обединетите нации за отстранување на сите форми на дискриминација врз жените и активно се вклучени жени во потсекторските групи на МЗШВ како претставнички на НФФ.

„Бараме од Владата да воспостави сет на економски мерки за зголемување на можностите за вработување на жените во руралните средини, мерки со кои ќе се препознае неплатениот труд на жените за грижа за семејството и земјоделската работа, решавање на проблемот со руралните жени кои не ги исполнуваат условите за пензија  да го остварат ова право, како и отстранување на пречките за остварување на правото на породилно отсуство кај регистрираните земјоделки. Реализација на Програматаза рурален развој и земјоделство преку мерки кои ќе дадат ефект за економски развој на жената. Воедно бараме да се отстрани дискриминаторната мерка ( мерка115) во четири годишната програма за рурален развој 2018 -2021, во која се поставени дискриминаторни услови  за поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, односно се бара жената да е во брак, да има родено едно дете, да е невработено лице, домаќинкаи да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри. Ние сметаме дека оваа мерка треба да постои и да се редифинираат условите за апликација, кои ќе ги опфати жените во руралните средини, кои се дел од земјоделското стопанство и  да се отстранат овие дискриминаторни услови. Ние бараме во Програмата за рураленразвој исто како и младите , така и жените да имаат 55% покриеност на инвестицијата од Програмата за рурален развој. Треба да се развие стратегија за обезбедување на пристап до право на земјиште и сопстевност на имот за жените од руралните средини и реализирање на кампањи на подигнивање на свеста за надминување на традиционалните норми кои спречуваат еднаков пристап и контрола на земјиште од страна на жените. Поголемо вклучување на жените во креирањето на земјоделските политики,  но и нивно активно инволвирање во процесите на одлучување на рурален развој на локално и национално ниво“, ова се дел од барањата доставени во Извештајот до Комитетот на Обединетите нации заелиминација на сите форми за дискриминација врз жените и кои исто така сепрезентирани и пред надлежните институции во државата. Комитетот на Обединетите нации за елиминација дискриминацијата на жените коj ја следи имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминацијата на жените,ратификувана од РМ во 1994 година, ги разгледа барањата на Националната федерација на фармери и оцени дека жените кои живеат во руралните средини се соочуваат со сериозни проблеми и предизвици, така што препорача на Влада на РМ да имплементира сет на мерки за подобрувањена економската и социјалната положба на руралните жени, кои во најголем дел се презентирани во извештајот на НФФ.

Извештајот за состојбата со жените од руралните средини доставен до Обединетите нации, НФФ  го подготви со подршка од  Шведскиот кооперативен центар We Effect и Националниот ромски центар и воедно изразува благодарност до нив за помошта и соработката во реализацијата на оваа значајна активност, која е една од приоритетите на Федерацијата.

На годишниот состанок на Мрежата на жени земјоделки, подржан од We Effect се одржара работилница за лобирање и застапување, каде што обучувач е Катерина Шојиќ од Националниот ромски центар. На годишниот состанок жените членови на НФФ  ја презентираа  пораката и подршката на НФФ против насилството врз жената. „Насилството врз жената не треба да се подржува и најостро да се санкционира со затворски казни. Ваквото насилство е присутно и во руралните средини, со задничка борба и дејствување можеме да постигнеме многу“ е пораката на Националната федерација на фармери.