Со поздравен говор на 20 годишниот јубилеј на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството во РМ и 50 години советодавен јавен сервис, се обрати Васка Мојсовска,претседателка на НФФ, која ја истакна важноста и потребата од едукативни совети и услуги за земјоделците, како и долгогодишната соработка што Федерацијата ја има со АПРЗ.  Националанат федерација на фармери во името на своите членови  им посака успешно понатамошно функционирање на АПРЗ и соработка со земјоделците.
“Национална федерација на фармери како наследник на работата на Федерација на фармери на РМ има голема соработка и подршка од Агенцијата за потикнување на земјоделството и руралниот развој. Земјоделците без стручни совети, не би можеле да очекуваат свој напредок и не би можеле да се справат со климатските промени.
Она што сакаме посебно да истакнеме дека стручните совети на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството во РМ се дел од содржините на нашето списание „Моја земја“, единствено членско списание за земјоделство и рурален развој, кое изобилува со стручни совети, кои се подготвени од страна на советниците на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна. Реализирани се голем број на стручни обуки за земјоделци и тоа од технологии, до подготовка на апликации за субвенции, Програма за рурален развој, ИПАРД Програмата, агро еколошки мерки. Гледајќи низ списоците од обуките , може да се забележи дека над 10 000 фармери присуствувале на овие обуки во изминатите 10 години“, истакна Мојсовска во својот говор на прославата на 20 годишниот јубилеј на Агенцијата за потикнување и развој на РМ и 50 советодавен јавен сервис. НФФ доби благодарница од Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството во РМ за успешната  соработка.