Декларација за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини

Декларација за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини

Оглас за финансиски администратор
Зголемување на кредитните активности во земјоделството
Обука на млади фармери за органско производство

Министерство за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство заедно со Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој на РМ потпишаа Декларација за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини

Васка Мојсовска, претседателка, Национална федерација на фармери , Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Лујза Винтон, постојана координаторка на ОН/постојана претставничка на УНДП, Билјана Џартова-Петровска, раководителка на програма, Амбасада на Кралството Шведска во Македонија, Шиан К. Масеко, советничка за родови прашања, We Effect, оддел за меѓународна соработка во Стокхолм се обратија на јавна дискусија „Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици“, кој се организира во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралните средини – 15 октомври.

Настанот е во организација на Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој на РМ во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и со поддршка на We Effect и Канцеларијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women во Скопје.

По повод денешниот Меѓународен ден на жената од руралната средина, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Николовски денеска со Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој на РМ потпишаа Декларација за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини.

Со оваа декларација потписниците се заложуваат за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, креирање и промовирање на мерки за зголемување на можностите за вработување од руралните средини, креирање на мерки за признавање за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството и друго.

 

Поздравни говори

 

Васка Мојсовска, претседателка, Национална федерација на фармери: Она што сакам да потенцирам е дека жените кои живеат во руралните средини се соочуваат со голем број предизвици како што се невработеноста, родовата дискриминација на пазарот на труд, доминантноста на традиционалните општествени норми, пристапот до информации, образование, здравствена заштита, јавни и социјални услуги. Сето тоа влијае врз економскиот и социјалниот живот на жените од руралните средини и можноста да ги уживаат целосно човековите права и слободи.Доколку застанеме вака како што сме денес многубројни и обединети, ќе можеме многу повеќе да делуваме и да придонесеме за развој на руралните средини

 

Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика: Ако не го искористиме човечкиот потенцијал во нашата држава, ние не можеме да имаме економски напредок ниту економски раст. Во Македонија половина од жените ни се неактивни на пазарот на труд, а најголемиот дел од нив се од руралните средини. Но тоа така е само по статистика. Ние не можеме да го видиме ефектот на жените врз економијата, бидејќи работата што тие ја работат ниту им е плтена, ниту некаде е евидентирана

 

Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство: Наша задача и обврска е да создадеме услови за зголемено учество на жените во агросекторот и да им помогнеме на жените земјоделки да го реализираат својот потенцијал и да придонесат кон вкупниот развој на земјоделството. Така, при конкурирањето за одредени мерки од европската ИПАРД Програма и од националната Програма за рурален развој, жените фармери имаат предност, односно добиваат повеќе поени при рангирањето. Со зголемување на бројот на жени кои ги користат европските фондови, директно го помагаме нивното учество во македонскиот агросектор и правиме значаен чекор напред во постигнување на родова еднаквост во земјоделството

 

Лујза Винтон, постојана координаторка на ОН/постојана претставничка на УНДП : UN Women е посветена во нивната работа за надминување на бариерите со кои се соочуваат жените од руралните средини. Наодите од студијата за руралните жени на UN Women ќе обезбедат насоки за надминување на овие бариери .  Ние, како ОН, работиме на многу полиња, како креирање на работни можности, соработка со градоначалниците во руралните области за подобрување на животните услови, намалување на штетата од природните катастрофи каде жените се најмногу погодени. И тоа се’ со цел да се постигне клучната порака на Одржливите развојни цели – да не биде никој изоставен

 

Билјана Џартова-Петровска, раководителка на програма, Амбасада на Кралството Шведска во Македонија :Kога родовата еднаквост зајакнува, сиромаштија се намалува. Економското зајакување на жените, почитувањето на репродуктивните права на жената и борбата против насилство врз жените се прашања за кои е потребно воспоставување на интензивна соработка со локални партнери

 

Шиан К. Масеко, советничка за родови прашања, We Effect, оддел за меѓународна соработка во Стокхолм: Жените имаат потреба од солидарност. Меѓусебната поддршка е потребна за да се постигнат резултати. Ние во We Effect, во центар на нашата работа ја имаме родовата еднаквост, тоа е наша појдовна точка, но и крајна цел

——————————————————————————————————————————————

Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици

Соговорнички

Вангелина Пармачка, жена – фармерка, Национална федерација на фармери

Нада Симовска, претставничка на Мрежата за рурален развој

Доц. д-р Марина Нацка – Презентација на наодите од истражувањето на проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството во Македонија со примена на експериментален економски метод“, спроведен од  Факултетот за земјоделски науки и храна, со поддршка на UN Women

Жеклина Јовановска Градоначалничкa  на општина Старо Нагоричане

Фросина Георгиевска, Национален кординатор на Мрежата на жени фармери во НФФ

Модерот – Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во НФФ

 

На самата дискусија се зборуваше  за различни предизвици со кои се соочуваат жените од руралните средини, како што се пристап до здравствени услуги, можности за вработување и породилно отсуство за жените земјоделци, пристап до информации и образование, надминување на  родови стереотипи и патријархални вредности.

 

——————————————————————————————————————————————

На настанот  присуствува околу 130 жени од рурални средини , гости од централно и локално ниво, меѓународни организации во земјата, академската сфера и невладиниот сектор.

 

——————————————————————————————————————————————

15ти октомври е прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина од страна на Обеднитетите нации со Рез. 62/136 (http://undocs.org/A/RES/62/136). За првпат, 15ти октомври е прославен како Меѓународен ден на жената од руралната средина во 2008 година.

COMMENTS