НФФ објавува оглас за  административно – финансиски асистент

НФФ објавува оглас за административно – финансиски асистент

Посета на земјоделски саем во Пловдив
Прв земјоделски форум 
Руралната сиромаштија запоставена од државните институции

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи категории, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на административно- финансиски асистент за имплементација на планираните активности.

Асистентот треба да има:

  • Високо образование од областа на економски, правни науки, бизнис администрација и сл;
  • Знаење за административно – финансиско работење;
  • Познавање на процедурите за јавни набавки;
  • Одлични логистички и аналитички вештини;
  • Познавање на правниот, сметководствениот и даночниот систем во земјата;
  • Вештини за добар однос со клиенти (членство);
  • Многу добро познавање на англискиот јазик;
  • MS Windows, MS Office компјутерски вештини;
  • Возачка дозвола (категорија Б);

Дополнителните вештини од областа на сметководство и финансиско планирање и буџетирање, финансиско известување,  анализа на закони и други подзаконски акти посебно се вреднуваат.

Асистентот пожелно е  да има искуство во:

  • Имплементација на проекти, техники за известување;
  • Управување со администрацијата (канцелариски менаџмент, логистика, организирање на настани, одржување на систем за евиденција на документи (архива) во физички и електронски датотеки;
  • Пожелно е искуство со јавни набавки и тендери (според македонското законодавство и други насоки од проекти);
  • Поддршка на активности (подготовка, одржување на дневник за работа, патни налози, извештаи за патувања, досиеја на вработените, платени одмори, осигурување, одржување на канцелариска опрема и канцелариска библиотека, листи на учесници);
  • Пожелно е искуство во анализа на законите, законите и политиките, како и подготвувањето на извештаи;
  • Комуникација со различни засегнати страни и активности за членство;

Асистентот мора да биде способен да:

  • Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи;
  • Работа во атмосфера на родова еднаквост;
  • Работа под притисок и краток рок;
  • Работа во тим;

Обврките на асистентот опфаќаат:

  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Подготовка на пресметки и буџети;
  • Организација и поддршка во спроведување на ревизии;
  • Организирање на јавни набавки и тендерски постапки за секаков вид на стоки и услуги;
  • Одржување на архивата, како и скенирање и електронска копија на сите документи и оддржување на канцелариската библиотека;
  • Организирање и одржување на лични досиеја на вработените;
  • Подготвување и одржување на потребната канцелариска документација;
  • Подготвува писма, преписки и други форми на комуникација;
  • Помош на раководителот на проектот во проектните активности;
  • Помош на Менаџерот за членство во организирање настани, комуникација со членовите и промоција на услуги за членство;
  • Помош на Извршниот директор во организација на седници на управните одбори, потсекторските групи и Генералното собрание;

 

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: nfederacija@gmail.com најдоцна до 17.10. 2018 година.

COMMENTS