16.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

We Effect и партнерските организации ја посетија фокус групата во Тимјаник

За време на партнерскиот состанок на Шведскиот кооперативен центар We Effect во Република Македонија, реализирана е посета на фармата на Васка Мојсовска, претседател на НФФ и фокус групата на 10 рурални жени (социјално ранлива категорија на луѓе од рурални средини) од неготинското село Тимјаник кои преку одржаната практична обука за пренесување на лозови садници од стратификала на поле, им се овозможи да бидат вработени во земјоделската компанија која произведува овошни и лозови садници. Посета на малата семејна винарија „Ерос“ од кавадаречкото село Марена, која покрај вино и ракија произведува најразлични производи од грозје како ште се слатка, компоти, маџун. За да можат ваквите семејени бизниси да се развиваат треба да се овозможи продажба директно од самите фарми, така што фармерите под определени услови да можат да произведуваат преработки и да ги продаваат. Оваа иницијатива е покрената од страна на Првиот земјоделски форум, организиран од НФФ и лобира за нејзино реализирање.На средбата во Тимјаник и Марена присуствуваше Анели Лејна, регионална директорка, We Effect – Europe region, претсавници од партнерски организации од Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Молдавија.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles