ФАО Работилница за зајакнување на агрометеролошкиот сектор

ФАО Работилница за зајакнување на агрометеролошкиот сектор

Со светилки наградени новинарите од „невидливите“
Оглас за финансиски администратор
НФФ објавува оглас за административно – финансиски асистент

Три нови мерни станици за борба против климатските промени, се инсталирани во Градско, Кочани и Струмица. Навремените информации за времето се од корист за македонските земјоделци, беше речено на работилницата во Градско, на која учествуваа претставници на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, организации на земјоделци и граѓански организации. Во организација на ФАО, Управата за хидрометеоролошки работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на средбата беа претставени достигнувањата и идентификувани идните потреби за зајакнување на агрометеоролошкиот сектор. Во рамки на Проектот за намалување на негативното влијание од климатските , ФАО даде поддршка на Управата за хидрометеоролошки работи за создавање и дистрибуција на климатски и агрометеоролошки податоци, значајни за земјоделското производство. Новите метеоролошки станици ќе помогнат при собирање важни климатски податоци од секој регион и произведување ажурирани агрометеоролошки информации од важност за локалните производители и изборот на нивните земјоделски практики. На средбата присуствуваше Иван Вангелов, член на УО на НФФ кој истакна дека Националната федерација на фарери оваа година го организира првиот земјоделски форум на кого посебен акцент беше ставено на климатските промени и за потребата на адаптивни меркина земјоделството на новите климатски услови.

COMMENTS