Националната федерација на фармери во соработка со Националниот ромски центар со подршка на We Effect организираа работилница за давање на правни совети на земјоделци за легализација на објекти на земјоделско земјиште и легализација на други објекти, еден од големите предизвици во земјоделството, кои преставуваат и кочница за искористеноста на ИПАРД програмата, како и развој на фармите во делот на поголеми инвестици и подобрување на квалитетот на производството. По реализирана работилница со секој учесник се разговараше за неговиот предмет, каде што се дефинираа оделните чекори кои треба да се преземат.