Националната федерација на фармери реализира средба со државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска со која се разговараше проблемите и предизвиците на руралните жени, сиромаштијата која зазема се поголем замав во селата посебно со последните случувања како што се климатските промени и ниските откупни цени , изнаоѓање на правна рамка за земјоделците кои немаат остварено право на пензија, како и проблемите кои ги имаат земјоделците за време на бербите со сезобнските работници. На ова поле се планира и од страна на ресорното министертво да се работи. На средбата присуствуваше Васка Мојсовска, претседател на НФФ, Фросина Георгиевска, национален координатор Мрежата на жени – фармери, како Билјана Петровска – Митревкса од секторот за анализа и лобирање . На средбата се презентираа анализите кои НФФ г има подготвени за руралните жени и рураната сиромаштиј, подржани од Шведскиот кооперативен центар We Effect.