„Јуфкијада“ во Јанковец

„Јуфкијада“ во Јанковец

Ружа Стоимилова: Да се биде сиромашен на село е многу тешко
НФФ – ФЗНХ : Доделана благодарница за успешна соработка
Зголемување на кредитните активности во земјоделството

„Јуфкијада“ во Јанковец

НФФ во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ со поддршка на We Effect ја организираше манифестацијата Јуфкијада, која се одржа во селото Јанковец, Ресен и на која присуствуваат околу 60 жени – фармери од сите региони во државата. На „Јуфкијадата“ жените фармери подготвуваа јуфки со кои се потенцираше значењето на традиционалната македонска храна, додадената вредност на нашата храна и неизмерната вредна рака на жените во РМ, како и меѓусебната помош и соработка. Манифестацијата има хуманитарен карактер, така што јуфките се наменети за Центарот за деца со посебни потреби во Ресен. НФФ изразува посебна благодарност до здружението „Благој Котларовски“ за организирањето на настанот кои беа домаќини на овогодинешната Јуфкијада.

COMMENTS