Заложби за решавање на проблемот со пласманот и климатските промени

Заложби за решавање на проблемот со пласманот и климатските промени

Трибини „Трендови во јаболкопроизводство “
Редовното годишно сoбрание на Националната федерација на фармери
Трендови во лозарството

НФФ препораки и заложби за решавање на проблемот со пласманот и негативните влијанија од климатските промени врз земјоделството

 

Национална федерација на фармери преку својот секторски систем за лобирање и оваа година ги анализираше  состојбите со откупот и пласманот на земјоделските производи. Како што и се гледаат состојбите на терен сликата ни малку не е светла во последните неколку години производните цени на земјоделските производи се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Од друга страна земјоделците се изложени на негативните влијанија на климатските промени кои што прават големи штети во сите земјоделски сектори.  Токму заради овие проблеми и предизвици во земјоделството Националната федерација на фармери ги анализираше состојбите и оваа година го организира Првиот земјоделски форум „Пазарни можности и климетски промени“ кој се одржа на 13.06.2018 каде што беа дефинирани оделни препораки, за кои што следеше дополнителна дискусија во рамките на самата организација и по усвојувањето на препораките од страна на Управниот одбор на НФФ, во писмена форма ги доставуваме и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство . Националната федерација смета дека овие проблеми се од суштинска важност и за нивно решавање е потребно дејствување од сите инволвирани субјекти во земјоделскиот сектор, затоа и ја вно ги споделува своите барања за кои во наредниот период ќе спроведува лобирање за нивно реализирање.

Националната федерација на фармери ги дава следните препораки за кои мора да има серизен пристап и на кои треба да работиме заедно за нивно имплементирање:

–           Воспоставување на унифициран систем за пресметка на производна цена и МЗШВ преку свој правилник да го унифицира тој систем. Целта е да се дефинира преку оделен правилник за да може преку соодветни параметри да се пресмета реалната призводна цена.

–           Едукација на земјоделците за правилна пресметка на производната цена, каде што можат да се вклучат и невладини организации во самата едукација.

–           Функционирање на Пазарниот информативен систем преку кој ке се следат цените на продажба на мало и големо, кој е дел од Стратегијата за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и врз чија основа се прави проценка на трендот на движење  на цените за да се предвидува интервенција.

–           Преку соодветно одделение на МЗШВ да се прави анализа за постоење на навремени и реални податоци за моментални сезонски и годишни очекувања на приноси од постоечко земјоделско производство.

–           Соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, Агенцијата за потикнување и развој и МЗШВ за подготовка на анализи за просечна цена на чинење на земјоделските производи.

–           Почитување и имплементација на Законот за земјоделство и рурален развој за договорно производство каде што јасно е дефинирана формата и содржината на договорот за откуп во член 32 и измена на член 31, така што Националната федерација на фармери бара склучувањето на договорите за откупот на земјоделски производи да биде на почетокот на годината (примена на праксата како што е регулирано кај тутунот).

–           Развој и јакнење на земјоделските задруги како основен начин и неопходен начин за економско обединување на малите земјоделци и земјоделски стопанства.

–           Разгледување на законски можности за откуп на земјоделски производи од индивидуални земјоделци.

–           Воведување на Правилник и законски одредби за продажба од куќен праг кое  е пракса во евроспките држави, каде што земјоделците по определни стандарди произведуваат преработки од земјоделски производи како што се  мармалади, млечни производи, вино, ликери  и да можат од своите домови да продаваат на индивидуални лица и правни субјекти (НФФ ваквата пракса ја виде во Словенија каде што земјоделците произведуваат домашни производи и ги продаваат на други граѓани, училишта, хотели и цената е доста повисока за самата преработка. На пример во Словенија за предадено млеко во преработувачки капацитети е тројно пониска отколку од произведен јогурт наменет за училиште каде што цената изнесува 1 евро за пола литар. Замјоделците во Словенија склучуваат договри со училишта, хотели и согласно оделни правилници можат да продаваат вакви домашни производи како земјоделски стопанства, а не како фирми).

 

НФФ  препораки за адаптација на земјоделството на новите климатски промени и заштита на земјоделството :

 

–           Едукација на земјоделците и стручниот кадар за адаптивните мерки за земјоделството врз новите климатски промени

–           Инсталирање и набавка на метеролошки станици во земјоделските рурални средини

–           Правење на анализа и стратегија за алтернатирни производи за производство кој ќе се вклопат во новите климатски услови

–           Навремено чистење на одводните канали и јакнење на свеста кај земјоделците за непретворање на овие канали во депонии.

–           Враќање на противградобијните ракети  преку кои се спречуваат непогодите  како што се градот кој прави големи штети во земјоделството

–           Системите за наводнување да почнат да функционираат од почетокот на април, односно крај на март за да можат да се преземаат превентивни мерки против мразот и навремено да започне наводнувањето

–           Заштините мрежи, anti – frost системите, инсталирање на вентилатори, заштитни фолии да бидат дел од Програмата за финансиска подршка за рурален развој и да се зголеми подршката за нив.

COMMENTS