Анализи и ставови на НФФ за откупот за пченица

Анализи и ставови на НФФ за откупот за пченица

НФФ реализира средба  со државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска
Руралната сиромаштија запоставена од државните институции
Снежана Танева :Сите сметаат дека јас не сум смеела да земам имот од татко ми

НФФ: Минимална цена од 12 ден по кг и интервентен откуп за пченицата

 

Национална федерација на фармери преку својот секторски систем за лобирање и оваа година ги анализираше  состојбите за пченицата, пред самиот откуп и преку разговор со своите членови поледелци од пелагонискиот, полошкиот и штипскиот регион и секторски пристап кон земјоделските проблеми ги согледа следните состојби.

 

Во моментот земјоделците укажуваат дека квалитетот е добар на пченицата. Пролетните дождови позитивно влијае врз родот и квлитетот. Според официјалните статистики  вкупната површина под жита учествува со 67% во вкупната површина под ораници и бавчи (158.314 ха), а пченицата учествува со 34,2% (80.924 ха). Број на земјоделски стопанства под жита -105.061, индивидуални земјоделци – 104.853 или деловни субјекти – 208.

 

Според информациите од терен, Националната федерација на фармери сака да укаже дека површините на пченица се намалуваат бидејќи трошоците за производство се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Оваа година се очекува род на пченица над 200.000 тони .

 

Од друга страна за земјоделците загрижува информацијата дадена од млинарите дека нема да спроведат откуп на пченица доколку не се врати стариот Правилник за маркици за увозно брашно. Според нив ова е можна манипулација за повторно да се откупи пченицата по пониска цена, како што се прави во последните години, каде што откупната цена е од 7 до 10 ден по кг, а производната цена расте и се движи од 9 – 12 ден по кг.

 

Анализата на Националната федерација на фармери за производната цена на пченицата за 2018 година  покажува дека производната цена на пченицата изнесува  околу 12 ден по кг и големо влијание тука има и поскапувањето на нафтата, кои повлекува поскапување на сите репроматеријали.

За оваа година  НФФ има две решенија:

 

  1. Минимална цена на пченицата да биде 12 ден по килограм и договорите во која ќе биде пишана и цената и рокот на плаќање да се склучат пред самата жетва, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

 

  1. Државата да спроведе интервентен откуп на пченицата, кој треба да се спроведе на 1 јули кога започнува жетвата.

 

 Интервентниот откуп е законска одредба за пченицата која е стратешки производ во државата и во Законот за земјоделство и рурален развој во Член 37 јасно стои: „Интервенциски мерки се наменети за стабилизација на пазарите на земјоделски производи и можат да се воведат кога настанува нарушување меѓу понудата и побарувачката на пазаорт на земјоделски производи. Мерките од овој член се однесуваат на пченицата од домашно производство“. Според Законот минималната количина која може да биде понудена од еден откупувач е 10.00 килограми, а максималната 50.000 килограми пченица.

 Националната федерација на фармери токму со спроведување на интервентниот откуп ја анализираше ваквата активност која и Србија како најголем производител на пченица, секоја година ја спроведува за  стабилизација на пазарите. Минатата година Владата на Србија донесе одлука на  27 јуни 2017 година да започне интервентен откуп на пченица за државни стоковни резеврви со одредена цена и со рок на плаќање за 15 дена и инсистираме и ваква пракса да се спроведе и кај нас кое е согласно Законот за земјодлество и рурален развој .

 Националната федерација на фармери преку допис од пред 1 месец побара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја свика Потсекторската група за жито каде што на заедничка маса ќе се разговара за откупот на пченицата.

COMMENTS