Пласманот и откупните цени, најболна точка во земјоделството

Почитувани претставнци на владини и невладини институции, почитувани професори, почитувани претставници соработници, фармери и членови на Националната федерација на фармери, чест ми е како Претседател на Национална федерација на фармери да ја отворам Првата Редовната седница на Годишно собрание на Федерацијата на фармери.

Воедно сакам да изразам благодарност до сите делегати кои денеска присуствуваат и ќе имаме можност да носиме заеднички одлуки посебно во делот на градењето на стратегијата на нашата организација.

Национална федерација на фармерите го проширува своето поле на дејствување.

Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија, земјоделските задруги, организацијата понатаму ќе работи во јакнење и поддршка на ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка на младите и жените како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување.

Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население како што е сиромаштијата , ограничените пристапи до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

И понатаму главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од поле и со заедничка работа и анализа ќе се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на зедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

Мисијата на организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РМ.

Визијата кон која што ние се стремиме е – ПРОФИТАБИЛНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО

Тука би изразила и голема благодарност до Меѓународната шведска агенција за развој – Сида со чија помош се создаваме како организација. Посебна благодарност до Шведскиот кооперативен центар WE Effect за реализацијата на проектот „Институционална подршка на НФФ“ со која и понатаму се јакнат капацитетите на самата организација во насока да се одговори на предизвиците со кои ние како земјоделци се соочуваме.

Би сакала да нагласам дека Земјоделието е важна стопанска гранка во Република Македонија, од една страна обезбедува 15% од Бруто домашниот производ, од друга страна 180 000 семејства егзистират од земјоделството и 87% од вкупната површина на државата е рурална. Затоа треба да работиме повеќе на земјоделските предизвици

И понатаму во земјоделство најболната точка е пласманот. Tоа значи дека цената на производните цени расте, а продажните цени се ниски. Договорното производство не се почитува, се знае и јасно е напишано во Законот за земјоделство и рурален развој дека мора да се склучуваат договри за време на откупот и тие да се почитуваат.

Проблемот тука настана со зелката, јагнето, сега доаѓа пченицата, па грозјето, доматите, јаболката, а континуирано имаме ниска откупна цена на млекото околу 17 или 18 денари.

Она што ние го препознаваме како проблеми се нелојална конкуренција мал број на стопанственици, односно откупувачи ги диктираат откупните цени, неорганизираност, недоволна едукација, непостоење на стaндардизација, непостоење на постбербени активности, мало учесто на преработувачките капаците за откуп.

Тука мора многу да се работи ние излезот го гледаме во земјоелските задруги и подобрување на дијалогот помеѓу сите засегнати страни, затоа НФФ уште минатата година со оделен документ ги разгледа проблемите со откупот направи анализа на голем број на производи колку е нивната продажна и откупна цена ги дефинира болните точки.
Решенија гледа во нови пазари, кооперативи, нови технологии, развој на постбербени активности и овозможување на развој на преработки како додадена вредност кои самите земјоделци ќе ги произведуваат во домашни услови.

Затоа ја започнуваме оваа постапка за лобирање за носење на нови Правилници за производство во домашни услови и бараме измени во Законот за вино и малите винарии зa домашни производители да произведуваат во домашни услови вино и производи од грозје.

Што се однесува до субвенциите и понатаму бараме да се воспостави временска рамка на исплата, додека за Програмата за рурален развој да постои временска рамка за испалата и аплицирање на мерките. Новите технологии за прилагодување на земјоделството на новите климатски услови треба да се дел од Програма за рурален развој.

Ние како Национална федерација на фармери сметаме дека поголемата искористеност на ИПАРД фондовите ќе овозможи поголем развој на земјоделството и затоа е потребно поедноставување на документацијата за аплицирање и воспоставување на временска рамка со определени рокови за сите фази од процесот: повик, одобрување на апликацијата, имплементација, мониторинг и контрола. Одобрувањето на апликациите треба да се одвива побрзо за да може и навремено да се реализираат инвестициите.

Воедно се носи и нов Закон за советодавните служби и сметаме дека рокот од еден месец за коментари и разгледување е многу мал треба да се даде поголем временски рок за дебата и дискусија пред да се донесе Законот или да влезе во постапка за негово донесување.

Она што би сакале да информираме и да истакнеме дека започна исплатата на штетите за пролетните мразеви од 2017 во овоштарството и лозарството за прилагодување на земјоделството на новите климатски услови и тука би нагласила дека доста од страна на Националната федерација на фармери се лобираше и активно беше вклучено и нашето членство од неготинскиот и ресенскиот регион. Сепак сметаме дека начинот на осигурување треба да се менува .

Сите насоки на лобирање и дејствување планираме да ги реализираме во соработка и дијалог со институциите и тука соработката и понатаму ќе продолжи и со Агенцијата за поттикнување и развој, Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Земјоделските факултети и институти, како и Министерството за земјоделство.

Токму за да може да градиме подобри земјоделски политики, стратегии, применливи закони, програми за подршка потребно е развој и јакнење на дијалогот на сите инволирани субјекти во земјоделството. Затоа, ние како Национална федерација на фармери бараме да се свика седницата на Советот за земјоделство и рурален развој каде што членуваат владините институции, социо економските партнери, лидерите на потсекторските групи. Работата на Советот е дефинирана во Законот за земјоделство и рурален развој и затоа бараме негово активно функционирање во насока на зедничко дејствување за развој на земјоделството и руралните средини.

Жените и младите и понатаму се категории на кои ќе се работи за нивно економско јакнење, лидерски развој и директно вклучување како креатори во земјоделската и руралната политика.

За крај би сакала да потенцирам дека нашето собрание го реализираме само еден ден пред 1 Мај, Денот на работникот и ние како земјоделци влегуваме во категоријата на работници кои не знаат за делник, празник и викенд. Кога имаме работа на поле, во фарма тука мора тоа да се заврши и да се работи, а за враденоста на трудот и понатаму е многу мала. 85% од земјоделците влегуваат во категоријата на неплатени семејни работнии. Затоа, ние како земјоделци сметаме дека политиките на државата треба да се во насока на еконосмко јакнење на работниците за обезбедување на нивен достоен и убав живот.

Уште еднаш во име на Национална федерација на фармери се заблагодарувам за присуството на гостите, соработницте и делегатите на Првото Годишно Собрание на Националната федерација на фармери и посакувам успешна реализација