Како до поуспешно искористување на ИПАРД 2

Како до поуспешно искористување на ИПАРД 2

Трибини „Трендови во јаболкопроизводство “
НФФ реализира средба  со државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска
Редовното годишно сoбрание на Националната федерација на фармери

Во свечената сала Борис Трајковски во Собранието на Република Македонија се одржа првата сесија на Работната група 1 (РГ1) – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на Националната Конвенција за ЕУ во Република Македонија НКЕУ-МК, на тема: „Како до поуспешно искористување на ИПАРД 2“. Сесијата ја отвори професор д-р Милева Ѓуровска претседателката на Европското Движење во Република Македонија и Национален координатор на НКЕУ-МК и Николче Бабовски директор на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. На темата зборуваа експертите на РГ 1, професор д-р Александра Мартиновска Стојческа од Факултетот за земјоделски науки и храна, Институт за Агро-економија од Скопје, Биљана Петровска Митревска од Федерацијата на фармери на РМ, како и експертот од Република Словачка, Роман Серенчез. Потоа следуваше дискусијата на учесниците, која ја модерираа Маја Лазареска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Васко Хаџиевски од Здружението на агро-економисти на РМ, во својство на копретседавачи на РГ1 Од дискусијата произлегоа повеќе заклучоци и препораки, кои, откако ќе бидат сублимирани од страна на стручното тело на РГ1, ќе бидат доставени до надлежните институции.

Ова е втора сесија на работна група на НКЕУ-МК, по сесијата на РГ 3 – Правосудство и основни права, која беше одржана на 1 март годинава. Следат воведните сесии на останатите две работни групи на Конвенцијата, на РГ 4- Правда, слобода и безбедност, како и на РГ2- Социјална политика и вработување.

COMMENTS