Работилница за изготвување акциски план за организациски развој на НФФ

НФФ заедно со We Effect организираа работилница за изготвување акциски план за организациски развој на Националната федерација на фармери. На работилницата беа презентирани наодите и препораките од евалуацијата на Проектот за институционална поддршка на ФФРМ и од  проценката на организациските капацитети на ФФРМ и изготвен  акциски план за спроведување на препораките, кој НФФ заедно со управниот одбор треба да го финализира и достави до We Effect. На работилницата присуствуваше целиот тим на We Effect за регионот Европа, управниот одбор на НФФ, тим лидерите на потсекторските групи, националните кординатори на Мрежата на жени – фармери и Мрежата на млади фармери и Извршната канцеларија. НФФ се заблагодарува на We Effect и Евалуаторот за поддршката на идниот развој на организацијата во интерес на земјоделствотов и руралното население во државата.