Националната федерацијата на фармери (НФФ)  организира oтворената едукакитвна трибина „Трендови во лозарството “.

НФФ  трибината ја организира во соработка со АПРЗ и Институтот за земјоделство на 12.02.2018 (понеделник) со почеток во 18:00 часот во општинската сала во Неготино. Предавач на настанот е проф. д-р Климе Белевски.

Настанот е дел од манифестацијата на општина Неготино која се организира по повод Св.Трифун – 14.02. 2018.

На самата средба ќе бидат презентирани трендовите со кои се соочува лозарството, како еден од најзначајните земјоделски сектори во Република Македонија, како и адаптирање на овој сектор врз новите климатски промени .