НФФ организира посета на земјоделскиот саем во Солун и сточарски фарми

Националната федерацијата на фармери по 16 пат организираше посета на саемот за земјоделство „Агротика“ во Солун. На барање на членовите на НФФ, а во соработка со организација на фармери од Централна Србија  беа реализирани посети на сточарски фарми во Грција.

Во соработка со грчки фармери беше посетена фарма за кози во околината на Дојрани во Република Грција каде што фармерите можеа да видат шталско одгледување на кози во затворен систем на одгледување со сопствено молзилиште  на кози со капацитет од 700 кози.

Во продолжение беше посетена фарма на шталски овци во близината на Катерини каде еден млад брачен пар поседува 108 грла овци од француската раса Лакон, со  годишно произведводство од 54 тони млеко со просечна лактација  околу 500 литри по грло. Оваа раса е погодна за шталско одгледување која дава млеко со многу висока масленост и дава приноси од над 500 литри млеко по лактација по грло.  Фармерите покажаа голем интерес за овој начин на одгледување затоа што еден од најголемите проблеми на македонското сточарството е немањето на овчари и козари и покрај високите плати од околу 500 евра, едено од решенијата е менување на начинот на сточарење од номадски во шталски систем.

Откупната цена на млекото во Грција е околу едно евро по литар а од од млекото се прави познатото грчко Фета сирење.

Исто така беше организирана и  посета на откупен центар за доработка, калибрирање и пакување на овошје во близина на Катерини.