НФФ средба со Националната организација на фармери од Малезија

На 18 јануари Националната федерација на фармери имаше посета на 18 члена делегација на Националната организација на фармери од Малезија NAFAS предводена од претседателот Saipolbahari bin suib.

На средбата фармерите од Малезија се информираа за македонскиот аграр, и се интересираа за организациската поставеност на НФФ како и за начинот на функционирање на Националната федерација на Фармери. Тие истакнаа дека Малезиската федерација на Фармери има големо членство кое брои околу 1 милион членови кои се поделени во 17 области со кое раководи раководство со мандат од 4 години.

Малезиските Фармери беа заинтересирани за соработка покрај другото се интересираа за секторот живинарство. На средбата присуствуваше компанијата Левидија која на Националната организација на фармери од Малезија им презентираше можности за инвестирање во повеќе области од македонскиот аграр. Фармерите од малезија се заблагодарија за средбата и изразија подготвеност за соработка со НФФ во иднина.