Во рамките на проектот “Институционална поддршка на ФФРМ“ поддржан од We Effect беше одржано предавање во прилепското село Мажучиште.

На оваа предавање на дневен ред беше темата исхрана на говеда и мерки за справување со маститисот кај млечните крави од страна на Проф. Ѓоко Буневски од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Буневски посочи дека маститисот е најголем проблем на сточарите затоа што истиот влијае врз млечноста на кравите а со самото тоа и на рентабилноста на нивните фарми. Сточарите на предавањето добија практични совети како да се справат со маститисот во делот на превенција на маститисот.

Во рамките на предавањето свое излагање имаше и Проф Миле Марковски за санација на почвите во поплавени подрачја кој еден од авторите на брошура “Практичен водич и мерки за санација на почвите во поплавените подрачја “која беше изработена од страна на ФФРМ во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет.